ЈАВЕН КОНКУРС за избор на Директор на Јавното Комунално Претпријатие „Чист ден“ Ранковце

Врз основа на член 50 став 1 точка 9 од Законот за локалната самоуправа ( СВ на РМ бр.05/2002) ; член 50 став 2 точка 8 од Статутот на Општина Ранковце (СГ на ОР бр. 09/2005) и на член 19-а и член 23 став 3 од Законот за јавните претпријатија ( СВ на РМ бр. 38/1996; 06/2002;40/2003; 49/2006; 22/2007; 83/2009; 06/2012; 119/2013; 41/2014; 138/2014; 25/2015; 61/2015 и 39/2016г.) како и врз основа на Одлуката за распишување на јавен конкурс за избор на директор на ЈКП „Чист ден“ Ранковце бр.08-536/1 од 26.07.2016 година Градоначалникот на Општина Ранковце Момчило Алексовски на ден 11.08.2016 г. објавува

 ЈАВЕН КОНКУРС

за избор на Директор на Јавното Комунално Претпријатие „Чист ден“ Ранковце

Градоначалникот на Општина Ранковце распишува јавен конкурс за избор на директор на ЈКП „Чист ден“ Ранковце со мандат во траење од 4 (четири) години.

Кандидатите за директор на ЈКП „Чист ден“ Ранковце покрај општите услови предвидени во законот за работните односи, треба да ги исполнуваат следните услови предвидени во Законот за јавни претпријатија и Статутот на ЈКП „Чист ден“ Ранковце:

  •  да е државјанин на Република Македонија,
  •  да има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование, ЕКТС или завршен VII/1 степен образование диплома или уверение;
  •  во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност,
  • да има минимум пет години работно искуство,
  • поседува еден од следните меѓународно признати сертификати или уверенија за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години и тоа: ТОЕФЕЛ ИБТ (TOEFL iBT) – најмалку 74 бода, ИЕЛТС (IELTS) – најмалку 6 бода, ИЛЕЦ (ILEC Cambridge English: Legal) -најмалку Б2 (B2) ниво, ФЦЕ (FCE Cambridge English: First) – положен, БУЛАТС (BULATS) -најмалку 60 бода, или АПТИС (АPTIS) – најмалку ниво Б2 (B2)
  •  да има положено психолошки тест и тест за интегритет.

Кандидатите кои се пријавуваат потребно е силно да веруваат во сопствениот капацитет, да поседуваат менаџерски способности и лидерски вештини, способност за тимска работа и да се подготвени за темелна посветеност, силен ангажман и предизвици.

Кон пријавата за конкурсот кандидатите треба да ги достават следните документи:

  •  кратка биографија на кандидатот – CV (curriculum vitae);
  • доказ за завршено високо образование и дека има стекнати најмалку 240 кредити според
  •  доказ за потребното работно искуство;
  •  доказ за познавање странски јазик
  • доказ за положен психолошки тест и тест за интегритет
  • уверение за државјанство;
  • уверение дека не му е изречена мерка забрана за вршење на професија, дејност или должност

Потребните документи се поднесуваат во оригинал или копија заверена кај нотар. Покрај потребните документи, кандидатот треба да достави и „Програма за работа и развој на јавното комунално претпријатие“.

Сите пријавени кандидати имаат еднакви можности да бидат примени согласно нивните способности, образование, искуство и личен капацитет. Пристигнатите документи ќе ги разгледува три члена комисија формирана од страна на Градоначалникот на Општина Ранковце и во рок од 8 ( осум ) дена по истекот на рокот на конкурсот, целокупната документација ќе ја достави до Градоначалникот, кој во рок од 15 дена од денот на доставувањето на документацијата ќе донесе Одлука за избор на Директор. Пријавите со потребните документи се доставуваат во затворено плико, лично во архивата на Општина Ранковце или по пошта на следната адреса: До ГРАДОНАЧАЛНИКОТ на ОПШТИНА РАНКОВЦЕ , со назнака ( „ЗА ЈАВЕН КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА ДИРЕКТОР“) (населено место без уличен систем) 1316 Ранковце .

Јавниот конкурс да трае 5 (пет) работни дена од денот на објавување во дневните весници.

Ненавремените, некомплетните и неуредните документи нема да биде предмет на разгледување.

Повеќе информации за конкурсот