ОДЛУКА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА СТРАТЕГИСКА ОЦЕНА

Врз основа на член 65 став (6) од Законот за животна средина („Службен весник на РМ“
бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13 и 42/14),
Градоначалникот на Општина Ранковце, на 27.02.2015 година, донесе:

 

Одлука за спроведување на стратегиска оцена

1. За планскиот документ Урбанистички палн вон населено место за изградба на викенд
населба, угостителство, спорт и рекреација на КП бр. 960, 959, 958, 957/1, 957/2, 957/3,
954, 955, 956/1, 956/9, 956/4, 956/5, 950, 952, 951/3, 951/2, 951/1, 956/6, 956/2, 956/7, 944,
956/8, 949/2, 942/3, 942/2, 942/1, 943, 944, 956/3, 945, 946, 948, 949/1, 947, 948, 690, 691, 692,
688/3, 689, 688/2, 687, 688/1, 686, 685, 684, 683, 677, 681 и 682, Блок „2“ КО П’клиште
Општина Ранковце, кој се носи согласно член 13 точка (1) од Законот за просторно и
урбанистичко планирање, потребно e да се спроведе стратегиска оцена на влијанието
врз животната средина согласно член 65 од Законот за животна средина.
2. Како органи засегнати од имплементација на планскиот документ Урбанистички палн
вон населено место за изградба на викенд населба, угостителство, спорт и рекреација
на КП бр. 960, 959, 958, 957/1, 957/2, 957/3, 954, 955, 956/1, 956/9, 956/4, 956/5, 950, 952,
951/3, 951/2, 951/1, 956/6, 956/2, 956/7, 944, 956/8, 949/2, 942/3, 942/2, 942/1, 943, 944, 956/3,
945, 946, 948, 949/1, 947, 948, 690, 691, 692, 688/3, 689, 688/2, 687, 688/1, 686, 685, 684, 683,
677, 681 и 682, Блок „2“ КО П’клиште Општина Ранковце, се определуваат:
Министерство за животна средина и просторно планирање, Министерство за
транспорт и врски, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство,
Општина Ранковце, ЈКП „Чист Ден“ Ранковце, правни и физички лица.
3. За планскиот документ Урбанистички палн вон населено место за изградба на викенд
населба, угостителство, спорт и рекреација на КП бр. 960, 959, 958, 957/1, 957/2, 957/3,
954, 955, 956/1, 956/9, 956/4, 956/5, 950, 952, 951/3, 951/2, 951/1, 956/6, 956/2, 956/7, 944,
956/8, 949/2, 942/3, 942/2, 942/1, 943, 944, 956/3, 945, 946, 948, 949/1, 947, 948, 690, 691, 692,
688/3, 689, 688/2, 687, 688/1, 686, 685, 684, 683, 677, 681 и 682, Блок „2“ КО П’клиште
Општина Ранковце, за чија изработка е одговорна Општина Ранковце, а го донесува
Советот на Општина Ранковце, донесувањето на планскиот документ ќе има влијание
врз животната средина.
4. Обемот на извештајот на стратегиската оцена треба да ги опфати следните аспекти:
влијанието на развојните решенија во поглед на осетливите елементи на животна
средина на Општина Ранковце (води-ефикасно користење на водата и пречистување на
отпадните води, управување со различните фракции на отпад кои би се создале во
планираните објекти со класа на намена А4, Б1, Д1 и Е2, почва, влијание врз квалитетот
на амбиенталниот воздух, влијание врз населението и човековото здравје, влијание врз
социоекономската состојба, влијанија од несrеќи и хаварии).
5. Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување на
стратегиска оцена се објавуваат на WEB страната на Општина Ранковце
(www.rankovce.gov.mk).
6. Против ова одлука јавноста има право на жалба до Министерот за животна средина и
просторно планирање во рок од 15 дена од денот на објавувањето на одлуката на WEB
страната на Општина Ранковце.
Бр.08-199/1 од 27.02.2015 год Општина Ранковце

Ранковце Градоначалник,
Момчило Алексовски