Програма за прекугранична соработка

Untitled

Општина Ранковце заедно со Општина Бобов дол (Р. Бугарија) започна со реализација на проектот за заштита од поплави, финансиран од Интеррег-ИПА “Бугарија – Поранешна Југословенска Република Македонија” Програма за прекугранична соработка

Проектот “Заеднички активности за превенција од поплави во прекуграничниот регион” на партнерите – Општина Ранковце (Македонија) и Општина Бобов Дол (Република Бугарија) – има вкупна вредност од 390 745, 79 евра кои се обезбедени од страна на Инструментот за претпристапна помош (ИПА II) фонд (85%), Националниот буџет на Република Бугарија (8%) и Националниот буџет на Република Македонија (7%).

Во октомври 2016 година Водечкиот проект-партнер – Општина Ранковце потпишаа договор за финансиска помош, № РД-02-29-212 / 2016/10/17, со бугарското Министерство за регионален развој и јавни работи – Управниот орган за Интеррег ИПА “Бугарија – Република Македонија” програма за прекугранична соработка. Висината на субвенцијата договорено е 362 590, 59 евра.

Средствата се наменети под Приоритетна оска 1 – “Животна средина”, Конкретна цел 1.2 “спречување и ублажување на последиците од природни и од човекот предизвикани катастрофи на прекугранична димензија и влијание”.

Периодот за имплементација на проектните активности е од 18 октомври, 2016 година до 17 април 2018 година (18 месеци).

Главната цел на проектот е да се развие заеднички пристап за превенција од честите поплави кои се случуваат во пограничниот регион, предизвикувајќи штета на локалното население. Спроведувањето на активностите на проектот ќе го направи регионот поатрактивен и побезбедно место за своите жители и посетители / туристи.

Проектните активности се главно концентрирани во спроведувањето на градежните работи за спречување на поплави.

Ќе бидат изградени потпорни ѕидови околу делови на бреговите на Голем Дол во општина Ранковце и реката Горештица во Општина Бобов дол. Поради загадувањето и лошите услови во коритата на реките, многу често тие се области во кои се случуваат поплави.

Покрај тие градежни активности ќе биде изработена заедничка стратегија и методологија за заштита на животната средина и спречување на поплави и во двете општини и ќе биде спроведена кампања за подигање на свеста кај децата и младите во училиштата во Ранковце и Бобов Дол .

Целиот проект е во согласност со барањата на ЕУ за транспарентност и отчетност преку подготовка на план за комуникација обезбедување на достапност на проектот на социјалните мрежи и изработка на промотивни и рекламни материјали за широк спектар на чинители и поединци.

Главните резултати што ќе се постигне преку спроведување на активностите на проектот се:

  • Значително намалување на ризикот од поплави во општините Ранковце и Бобов Дол
  • Ублажување на последиците од природните непогоди и
  • Зголемена безбедност против природни катастрофи во пограничниот регион.

Главни целни групи кои ќе имаат корист од резултатите на проектот ќе бидат локалните жители, посетителите на регионот /туристите и децата / учениците кои ќе учествуваат во кампањaта за подигање на свеста во училиштата.

Линк до официјалниот документ