ЈАВЕН ОГЛАС за вработување на 1 (еден) извршител на неопределено работно време во Општина Ранковце

Врз основа на член 20-г и член 21од Законот за вработените во јавниот сектор ( СВ на РМ бр. 27/2014, 199/2014 и 48/2015) и врз основа на член 5 став 1 точка 4 и член 22 и 23 од Законот за работните односи (СВ на РМ бр. ПТ 145/2014; 20/2015 и 33/2015 г.) на ден 22.08.2016 г. Градоначалникот на Општина Ранковце објавува

ЈАВЕН ОГЛАС
за вработување на 1 (еден) извршител на неопределено работно време во

Општина Ранковце

Општина Ранковце има потреба за вработување на 1 (еден) извршител на неопределено работно време во Општина Ранковце, и тоа :

  • Обезбедување на објектите на општината во Одделението за правни и општи работи (1 извршител) УПР0402А02001 предвиден под реден број 009 во Правилникот за систематизација на работните места во општинската администрација на Општина Ранковце број 08- 21 /1 од 18.01.2016 г. и Правилникот за измена и дополнување на Правилникот за систематизација на работните места во општинската администрација на Општина Ранковце број 08 – 220/1 од 17.03.2016 г.

~ Кандидатите треба да ги исполнуваат следните општи услови утврдени со посебен закон или колективен договор за помошно – техничките лица во областа управа :

  •  да е државјанин на Република Македонија,
  • активно да го користи македонскиот јазик,
  • да е полнолетен и да има општа здравствена способност за работното место
  • со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност
  • со или без работно искуство во струката

~ Кандидатите кон пријавата за засновање на работен однос треба да ги приложат и следните документи :

  • Уверение за завршено средно образование (гимназиско, машин-браварска или електро-техничка струка)
  •  Уверение за државјанство
  •  Уверение дека не му е изречена мерка за безбедност забрана на вршење на професија , должност или дејност

~ По извршениот избор, избраниот кандидат ќе достави и :

  •  Лекарско уверение за општа здравствена состојба

Почетокот и завршетокот на дневното и неделното работно време за работното место кое го објавуваме е од 07:30 часот до 15:30 часот, од понеделник до петок .

Работни часови неделно: 40 (четириесет).

Паричниот нето износ на збирот од делот од основната нето плата за работното место изнесува 12.573,00 денари.

Средствата за исплата на плати се обезбедени од Буџетот на Општина Ранковце за работното место Обезбедување на објектите на општината во Одделението за правни и општи работи .

Јавниот оглас трае 5 (пет) дена од денот на објавувањето.

Изборот на кандидатите ќе се врши најдоцна во рок од 45 дена од денот на завршувањето на јавниот оглас.

Заинтересираните кандидати потребно е да достават Пријава со потребните документи во архивата на Општина Ранковце или на адреса Општина Ранковце (населено место без уличен систем) Ранковце 1316 Ранковце со назнака „за јавен оглас“.

Пријавите кои нема да бидат поднесени или нема да пристигнат во утврдениот рок и пријавите кои нема да ги содржат сите потребни документи ќе се сметаат за ненавремени , односно некомплетни и нема да бидат земени на разгледување.

На интервју ќе бидат повикани само кандидатите кои ги исполнуваат условите.