И оваа година на 5 октомври во општина Ранковце на три пријавени локации ќе се реализира акција „Македонија без отпад 2013“, на иницијатива на Асоцијацијата за чиста животна средина „Ајде Македонија“ и со поддршка на Министерството за животна средина и просторно планирање.
Целта на акцијата е да се исчисти отпадот фрлен на несоодветните места и да се подигне свеста кај граѓаните за правилно управување со него.
Во акцијата општина Ранковце ќе се вклучи со свои капацитети за отстранување отпад, а исто така ќе се вклучат и подрачните единици на Дирекцијата на заштита и спасување, Центарот за управување со кризи и единици на Армијата на Република Македонија. Училиштата кои се дел од општината, исто така, ќе бидат дел од акцијата.
Сите заинтересирани граѓани може да се вклучат во акцијата преку регистрирање на активност на веб страницата на Ајде Македонија www.ajdemakedonija.mk.
Локации на кои ќе се спроведе чистењето во Општина Ранковце:
– Во с.Ранковце школскиот двор-централниот дел на Ранковце-до Полициската станица,
– Во с.Петралица локалната улица почнувајки од магистралниот пат М2 до пругата, и
– Во с.Псача да се собира отпад во и околу чколскиот двор