Повик до граѓаните на Општина Ранковце

Повик до граѓаните на Општина Ранковце

Советот на Општина Ранковце на својата седница одржана на ден 27.08.2014 година донесе Заклучок
со кој ја усвои Иницијативата на советникот Мики Милковски за определување на празник на Општина Ранковце
бр. 07-605/24.

Врз основа на усвоената иницијатива се повикуваат граѓаните на Општина Ранковце да достават свои предлози со значајни датуми за општината до Комисијата за одбележување на празници и манифестации и доделување на награди и признанија на Советот на Општина Ранковце.

Предлозите граѓаните да ги достават во писмена форма до Комисијата за одбележување на празници и манифестации и доделување на награди и признанија, најкасно до 12.08.2014 година.