Се врши измена на Програмата за уредување на градежно неизградено земјиште и одржување на комуналната инфраструктура во Општина Ранковце за 2014 година
објавена во („Службен гласник на Општина Ранковце“ бр.13/2013 ).
Во Дел 3, Поглавје І. Точката В –техничка документација за улици и патишта,
се менува и гласи:
В. Техничка документација за регулација и уредување на природни водотеци
Реден број | Населено место | Должина | Ниво на разработка | Вредност во денари |
---|---|---|---|---|
1 | Ранковачка Река | 3,0 км | Основен проект | 200 000,00 |
2 | Голем Дол с.Ранковце | 1,0 км | Основен проект | 100 000,00 |
Вкупно: | 300 000,00 |
Во Дел 3, Поглавје І. Точката Г –техничка документација за изградба на
спортски објекти и уредување на јавни површини, се менува и гласи:
Г. Изработка на геодетски елаборати ……………………………………………..720 000,00 денариВо Дел 3, Поглавје ІII. Уредување на јавни површини, се брише:
Во Дел 7 од Програмата за уредување на градежно неизградено земјиште и одржување на комуналната инфраструктура во Општина Ранковце за 2014 година-Начин на распределба на средствата за финансирање за изградба и одржување на инфраструктурата се вршат следните измени:
Во поглавје І.-Изработка на техничка документација сумата 1 490 000,00 денари се заменува со 2 090 000,00 денари.
Точката В– Техничка документација за улици и патишта се заменува со –Техничка
документација за регулација и уредување на природни водотеци;
Точката Г-техничка документација за изградба на спортски објекти и уредување на
јавни површини се менува и гласи „Изработка на геодетски елаборати“, а сумата од
120 000,00 денари се заменува со 720 000,00 денари.
Поглавје V. Уредување на јавни површини се брише.
Оваа Програма влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе се објави во “Службен гласник на Општина Ранковце”.
Бр. 07-59/8 СОВЕТ НА ОПШТИНА РАНКОВЦЕ
30.01.2014 година Претседател,
Ранковце Тони Ангеловски