Резиме на завршените и претстојните настани на проектот Заеднички акции за превенција од поплави на општина Ранковце, заедно со општина Бобов Дол, финансиран во рамките на програмата Интеррег-ИПА “Република Бугарија – Република Македонија” преку програмата за прекугранична соработка
На 17/04/2017 завршува вториот квартал од спроведувањето на 18 – месечениот проект “Заеднички акции за превенција од поплави во прекуграничниот регион” со референтен број №СВ006.1.12.042 каде како водечки партнер се јаува Општина Ранковце (Република Македонија) а втор партнер во проектот е Општина Бобов Дол (Бугарија).
Во новиот квартал на проектниот циклус постигнат е договор со избран изведувач и се очекува градежните активности во Општина Бобов Дол да започнат со реализација во секое време.
Во општина Ранковце, градежните активности за зајакнување на речните корита на Голем Дол во моментов се закажани за јуни – по завршувањето на тековната постапка за јавна набавка за избор на изведувач. Реализацијата на проектот е во согласност со претходно дефинираната временска рамка и не постои опасност од нарушување на целокупната успешна имплементација на проектот.
Како еден од главните настани за информирање за проектот ќе биде промотивната Прес-конференција која ќе се оддржи на 26/04/2017 во с. Гиновци, Опшина Ранковце.
Според дневниот ред се предвидува презентација на главните цели, активности и очекуваните резултати од проектот. Помеѓу говорниците е и градоначалникот на Ранковце – Г-дин Момчило Алексовски и градоначалникот на Бобов Дол – г-ѓа Elsa Величкова. На настанот ќе бидат поканети и претставници на двете општини, советниците, и претставници на Заедничкиот секретаријат и Управниот орган на програмата – Министерство за регионален развој и јавни работи.