Се наоѓа на северозападниот дел на општина Ранковце, од општинскиот Центар е одалечено 18 km, а до почетокот на селото води асфалтен пат.
Селото е од ридско-планински разбиен тип со маала кои се протегаат на надморска висина од 800-1020 метри и до нив се доаѓа по земјани патишта кои не се во задоволителна состојба посебно во зимскиот период.
Бројот на жителите во оваа село има тренд на постојано опаѓање па така во 1961 имало околу 130 жители кои до пописот во 2002 год. се намалиле на само 23 жители.
Селото потекнува од доцното античко време, атарот е 5,5 km² и има претежно сточарско шумарска функција.
Во селото нема стопански објекти ниту објекти од државен карактер.
Со електрична енергија се снабдува од 1975 година, нема водоводна мрежа – населението со вода се снабдува од природни извори.