Населбата се наоѓа во крајниот западен дел на Општината, нејзиниот атар граничи со Општина Кратово и Клечовце.
Од Општинскиот центар е одалечено 7 km а од магистралниот пат 5 km и има солидна поврзаност со соседните населби.
Населбата е од растурен маалски тип и потекнува од доцно античко време за што говорат и локалитетите од тој период: Блидеж и Лутавчина.
Во селото има само 29 жители кои и припаѓат на македонската етничка целина.
Населението претежно се занимава со сточарство и во селото нема објекти со општествени стандарди,ниту пак стопански објекти.
Населението не располага со голем сточен фонд и механизација, ниту со поволни инфраструктурни услови, со вода се снабдува од извори и бунари сето ова има доведено до силна миграција на населението која тенденција продолжува.