Програма за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалната патна мрежа во Општина Ранковце за 2014 година

Врз основа на Законот за градежно земјиште („Службен весник на РМ“ бр.17/11,
53/11, 144/12 и 25/13) и Правилникот за степенот на уредувањето на градежното земјиште
со објекти на комуналната инфраструктура и начинот на утврдување на висината на
трошоците за уредувањето во зависност од степенот на уреденост („Службен весник на РМ“
бр.38/2011) и член 23 од Статутот на Општина Ранковце, Советот на Општина Ранковце на
седницата одржана на ден 29.11.2013 година, донесе:
ПРОГРАМА
За изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалната
патна мрежа во Општина Ранковце за 2014 година

Програмата за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалната патна
мрежа во Општина Ранковце за 2014 година ќе ги опфати активностите кои што беа
планирани да се реализираат со Програмата за 2013 година а не се реализирани и нови
активности кои што се планираат да се реализираат во 2014 година.
Програмата за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалната патна
мрежа се планира да се реализира со дел од средствата што ги добиваме од Јавно
претпријатие за државни патишта, средства од Владата на Република Македонија, средства
од Североисточниот плански регион (СИПР) и средства од Буџетот на Општина Ранковце.

П Р И Х О Д И:
1. Средства од Јавно претпријатие за државни патишта ………………. 1 000 000,00 денари
2. Средства од Министерство за земјоделство (Агенција за
финансиска подршка на земјоделството и руралниот развој)………. 8 550 000,00 денари
3. Средства од СИПР (Североисточен плански регион) ………………… 2 000 000,00 денари
4. Средства од буџетот на Општината………………………………………….. 2 630 000,00 денари
                                                                                   

                                                                                        Вкупно: 14 180 000,00 денари

 

 

А. На следнава патна мрежа‐патни правци ќе се изврши дотерување на
нивелетата, тампонирање, одводнување и асфалтирање.

 

Реден број Патен правец Активност Должина Вредност
1 с.Псача (Ѓоринска маала‐Преку Дол) Асфалтирање 0,78 км 4 220 000,00
2 с. Гиновци‐с.Милутинци Асфалтирање 1,065 км 5 860 000,00
3 с. Опила (спој на асфалтот на делот кај мостот) Асфалтирање 0,15 км 500 000,00
4 с.Отошница (маала Давидовци) Асфалтирање 0,4 км 2 000 000,00
Вкупно 12 580 000,00

 

 

Б. На следните патни правци се планира реконструкција, санација, делумно
пробивање, тампонирање, одводнување и дотерување на нивелетата.

 

Реден број Патен правец Активност Должина Вредност
1 с .Опила (Каваклија‐Црква) тампонирање 1,0 км 100 000,00
2 с. Радибуш (Биџаци‐Којкарци) тампонирање 1,0 км 100 000,00
3 с. Петралица (Пардинци‐Калчински Ан) тампонирање 1,0 км 100 000,00
4 с.Љубинци(А2‐Крива Река) Пробивање и тампонирање 1,0 км 100 000,00
5 с.Гиновци (Фарма‐Училиште) Пробивање и тампонирање 1,0 км 100 000,00
Вкупно 500 000,00

 

В. На следните патни правци се планира изработка на техничка документација.

 

Реден број Патен правец Активност Должина Вредност
1 с. Oпила (Каваклија‐Црква Св.Никола‐Школо‐Котарина маала) Основен проект 5,0 км СИПР
2 с. Петралица‐ с. Баратлија Основен проект 6,0 км СИПР
3 с. Радибуш (Школо‐Којкарци) Основен проект 3,0 км СИПР
4 с. Псача (старо школо‐Дамјанска маала) Основен проект 2,5 км СИПР
5 с. Петралица (А2‐Буина маала‐Милочова маала‐Уткина маала) Основен проект 3,5 км СИПР
Вкупно СИПР

Г. На следните патни правци се планира изградба на мостови.

 

Реден број Патен правец Активност Должина Вредност
1 С. Ветуница (Ветуничка Река) изградба 6,0 м 500 000,00
Вкупно 500 000,00

 

 

Д. Ревизија на техничка документација …………………………. 80 000,00 денари
Ѓ. Надзор над изградба на објекти …………………………………. 120 000,00 денари
Е. Изработка на инфраструктурни проекти за патишта……. 200 000,00 денари
Р А С Х О Д И:

А. Патни правци на кои ќе се врши дотерување на нивелета,
тампонирање, одводнување и асфалтирање …………………… 12 580 000,00 денари
Б. Патни правци на кои се планира реконструкција, санација,
делумно пробивање, тампонирање, одводнување и
дотерување на нивелетата ……………………………………………….. 500 000,00 денари
В. Патни правци на кои се планира изработка на
техничка документација …………………………………………………… 200 000,00 денари
Г. Патни правци на кои се планира изградба на мостови ……….. 500 000,00 денари
Д. Ревизија на техничка документација …………………………………… 80 000,00 денари
Ѓ. Надзор над изградба на објекти ………………………………………….. 120 000,00 денари
Е. Изработка на инфраструктурни проекти за патишта……………… 200 000,00 денари

                                                                                    Вкупно: 14 180 000,00 денари
Оваа Програма влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен
гласник на Општина Ранковце“.
Бр. 07‐864/4                                                                  СОВЕТ НА ОПШТИНА РАНКОВЦЕ
29.11.2013 година                                                                          Претседател,
Ранковце.                                                                                  Тони Ангеловски