Почитувани ,
Во рамки на проектот ,,Диверзификација на економските активности во руралните средини на Југоисточна Европа ,преку развојот на синџири на вредности ,, Повик за подршка од луѓе за луѓе,, на Постојната работна група за регионален и рурален развој (SWG ) во партнерство со GIZ , Општината Ранковце реализира проект во кој е вклучен Прекуграничниот регион Пчиња -Краиште со проектот ,, Здружено да го промовираме еколошки чистиот мед , под мотото ,,Пчелите не познаваaт граници ,,.
По повод овој настан Општина Ранковце ги поканува општините од регионот Пчиња –Краиште ( од Србија општините : Црна Трева, Босилеград , Сурдулица , Бујановац и Трговиште и од Македонија општините : Старо Нагоричане , Ранковце и Крива Паланка ) да земат учество и заедно да го збогатиме настанот со презентација на пчеларството од секоја општина . За секоја општина има обезбедено по еден штанд каде ке бидат изложени медот и други пчелини продукти од општините од регионот . На 13 август (вторник ден пред главниот настан )ке се одржи состанок на пчелари од регионот, со цел разменат на искуства од областа на пчеларството , предвидено е учество на по двајца гости представници пчелари од општините гости ( за гостите од Србија е обезбедено и ноќевање ). Вашето присуство ве замолуваме да го потврдите најдоцна до 30.07.2019 година (поради годишните одмори ) за да може благовремено да се организира настанот.
Учество пријавете на e-mail или телефон :
slavicatrajanovska@yahoo.com тел .071/581-536 или
momekrstevski@yahoo.com тел.078 229 851