(„Сл.весник на РМ“ бр. 51/05, 137/07, 91/09, 124/10, 18/11, 53/1,144/12 и 55/13) и член 23
од Статутот на Општина Ранковце („Службен гласник на Општина Ранковце“ бр. 09/05,
04/10 и 1/11 ), Советот на Општина Ранковце на седницата одржана на ден 31.10.2013
година, донесе:
Општина Ранковце за 2014 година
Врз основа на направена стручна анализа на реализација на донесените
урбанистички планови за Општина Ранковце, како и потребата од изработка и
донесување на урбанистички планови за населени места во општината каде истите не
се донесени, а со цел задоволување на барањата и потребите на граѓаните и правните
лица од општина Ранковце и др., со оваа Програма се предвидува изработка на
урбанистички планови согласно член 7 точка 2 од Законот за просторно и урбанистичко
планирање и тоа:
1.Изработка и донесување на Урбанистички план вон населено место/согласно
член 7 точка 2 алинеа 4/:
- Изработка на Урбанистички план вон населено место за изградба на викенд
населба, угостителство, спорт и рекреација,Урбан блок 2, КО Пклиште, Општина
Ранковце
2.Изработка и донесување на Урбанистички план за село:
- Изработка на урбанистички план за село Ранковце;
- Изработка на урбанистички план за село Петралица;
- Изработка на урбанистички план за с. Герман
3.Изработка на локална урбанистичка планска документација ,согласно член
50-а од Законот за просторно и урбанистичко планирање
- Изработка на ЛУПД за потребите на општината и по барање на физички и
правни лица
Границите и содржината на планскиот опфатот на плановите ќе се утврдуваат со
Планска програма за секој плански документ која се состои од текстуален и графички
дел.
Финансирањето на оваа Програма се врши од Буџетот на Општина Ранковце, а
согласно предвидените средства во истиот за оваа намена.
Изработка на планови можат да се врши и по барање на заинтересирани правни
и физички лица чии што програмски барања и подрачја на интерес се прифатливи за
општината и кои ја финансираат изработката на планот.
Табеларен преглед на расходи
Реден број | Назив на планот | Изработка на ажур.подлога | Услови за планирање на просторот | Изработка на УП /Ден/ | Вкупно ден |
---|---|---|---|---|---|
1 | Урбанистички план вон населено место за изградба на викенд населба, угостителство,спорт и рекреација,Урбан блок 2, КО Пклиште,Општина Ранковце |
изработени | 150.000,00 | ||
2 | Изработка на урбанистички план за село Ранковце;(140 ха) | 91.000,00 ден | / | 910.000,00 | 1.001.000,00 |
3 | Изработка на урбанистички план за село Петралица;(60 ха) | 39.000,00 ден | / | 390.000,00 | 429.000,00 |
4 | Изработка на урбанистички план за село Герман;( 30 ха ) | 19.500,00 | / | 100.000.00 | 195.000,00 |
Табеларен преглед на приходи
Реден број | Извори на финансирање | Сума |
---|---|---|
1 | Средства од Буџет на Општина Ранковце | 774.000,00 ден |
2 | Сретства од Министерство за транспорт и врски | 1.001.000,00 ден |
3 | Средства од правни и физички лица | / |
Вкупно | 1.775.000,00 ден |
Оваа Програма влегува во сила осмиот ден по објавувањето во „Службен гласник
на Општина Ранковце“.
Бр. 07-774/4 СОВЕТ НА ОПШТИНА РАНКОВЦЕ
31.10.2013 год Претседател,
Ранковце. Тони Ангеловски