Програма за одржување на јавна чистота на територијата на Општина Ранковце за 2014 година

Врз основа на член 12 од Законот за јавна чистота („Службен весник на РМ“ бр.
111/08, 64/09, 88/10, 114/10, 23/11, 53/11, 80/12), член 41 од Законот за управување со
отпад („Службен весник на РМ“ бр.68/04, 71/04, 102/08 , 143/08, 124/10,51/11, 123/12
и 147/13), член 36 став 1 од Законот за локална самоуправа („ Службен весник на РМ“
бр. 5/02) и член 23 од Статутот на Општина Ранковце(„Сл.гласник на Општина
Ранковце“ бр.9/05, 4/10), а согласно член 5 од Одлуката за одржување на јавната
чистота на територијата на Општина Ранковце ( „Службен гласник на Општина
Ранковце бр. 9/05,4/10), , Советот на Општина Ранковце на седницата одржана на ден
29.11.2013 година ја донесе следната:
ПРОГРАМА
За одржување на јавна чистота на територијата
на Општина Ранковце за 2014 година

1. СТРАТЕШКИ ДЕЛ

 

Програмата на Општина Ранковце за одржување на јавната чистота е насочена
кон одржување на јавната чистота на јавните површини и на отворените простори на
јавните објекти, заради обезбедување на поквалитетни услови за живот на граѓаните и
почиста животна средина во општината.

 

2. ЦЕЛИ НА ПРОГРАМАТА

 

Општа цел на програмата е да се обезбеди редовно чистење ( метeње и миење) на
јавните површини и отворените простори на јавните објекти, како и чистење на снегот
и мразот во зимски услови.
Со оваа Програма:

  • Се утврдува територијата, распоредот и фреквенцијата за одржување (
    метење и миење) на јавните површини и отворените простори на јавните
    објекти ;
  • Се утврдуваат основните начини на вршење на работата за одржување на
    јавната чистота;
  • Се утврдува надзорот во спроведувањето;
  • Се утврдува начинот на финансирање;

3. ПРЕДМЕТ НА ПРОГРАМАТА

 

Одржување на јавната чистота на територијата на Општина Ранковце ќе ги
опфати:

  • јавните површини (улици, тротоари, пристапни патишта, плоштади и уредени
    отворени простори, крајбрежја, подвозници, мостови, паркинг простори, автобуски
    стојалишта и такси станици, гробишта, јавни санитарни јазли, пазари).

Во спроведување на Програмата се изведуваат следните активности:

      • рачно метење на јавни површини
      • миење на јавните површини со цистерна
      • рачно чистење на снегот и мразот во зимски услови
      • собирање и транспортирање на отпадот од одржување на јавната чистота и
        негово транспортирање на општинската комунална депонија
        • Со Програмата предвидено е одржување на јавните површини (улици,тротоари, пристапни патишта, плоштади и уредени отворени простори, крајбрежја,подвозници, мостови, паркинг простори, автобуски стојалишта и такси станици,гробишта, јавни санитарни јазли, пазари), со ефективна површина од 15.600,00 м2.

          4.ИЗВЕДУВАЧ НА ПРОГРАМСКИ АКТИВНОСТИ
          Програмските активности за одржување на јавна чистота ќе ги изведува ЈКП
          „Чист Ден“ од Ранковце.

           

          5.AКТИВНОСТИ

          При утврдувањето на јавните површини кои ќе се одржуваат со оваа Програма
          земени се во предвид : густина на населеност, фреквенција на граѓани и сообраќај ,
          воспитно образовни објекти , како и степенот на уреденост на површината.

           

          6. ДИНАМИКА НА ИЗВРШУВАЊЕ НА ПРОГРАМАТА
          6.1. Метење на јавни површини
          А) Метење на улици
          Метењето на улиците ќе се врши двапати неделно, и тоа во зимски период од
          7,00 до 14,00 часот, во летен период од 4,00 до 11,00 часот.
          Изведувачот е должен да ги празни корпите за отпадоци на јавни површини.

          Улица Опис Временски период Ефктивна површина(м2)/месец
          с. Ранковце од М2 до ветеринарна станица два пати во месец 2 х1.000,00 = 2000,00
          с.Ранковце Од ветеринарна станица до десетак еднаш месечно 1 х 2000,00 = 2000,00 м2
          С.Ранковце Од м2 до амбуланта два пати во месец 2х 600,00 = 1.200,00 м2
          с.Опила Од М2 до мост на К.река еднаш месечно 1 х 1.000,00 =1000,00 м2
          с. Гиновци Од М2 до влез за Бентомак еднаш месечно 1 х 1.200,00=1200,00 м2
          с.Петралица Од пошта до споменик четири пати во месец 2 х 1.000,00=2.000,00 м2
          с.Псача Од М2 до училиште еднаш месечно 1 х 1 000,00= 1.000,00 м2
          Вкупна површина на улици за метење за еден месец 10.400,00 м2
          Вкупна површина на улици за метење годишно 124.800,00 м2

           
          Б) Метење на плоштади и уредени отворени простори
          Метењето на плоштади и отворени простори ќе се врши согласно усвоен
          распоред, и тоа во зимски период од 7,00 до 14,00 часот, во летен период од 4,00 до
          11,00 часот.
          Изведувачот е должен да ги празни корпите за отпадоци на јавни површини.

           

          Опис Временски период Ефективна површина (м2)/на месец
          Автобуска станица с.Ранковце два пати месечно 2 х 600,00 = 1200,00 м2
          Зелен пазар с. Ранковце четири пати месечно 4х 1000,00 = 4.000,00 м2
          Сточен пазар с. Ранковце еднаш месечно 1 х 1.000,00 = 1.000,00 м2
          Уреден простор пред општина с. Ранковце четири пати месечно 4 х400,00 = 1600,00 м2
          Спортски центар Ранковце еднаш месечно 1 х 3 000,00 = 3.000,00 м2
          Споменик Ранковце двапати годишно 2 х 100 /12= 17,00 м2
          Автобуска станица с.Псача два пати месечно 2 х 500,00 = 1.000,00 м2
          Автобуска станица с.Петралица два пати месечно 2 х 500,00 = 1.000,00 м2
          Локалитет Чешма с.Гиновци еднаш месечно 1 х 100,00 = 100 ,00 м2
          Спoменик на паднати борци с. Петралица Еднаш на два месеци 1 х 300,00/2 = 150,00 м2
          Споменик на паднати борци с. Псача Еднаш на два месеци 1 х 300,00/2= 150,00 м2
          Вкупна површина за метење на плоштади и уредени
          отворени простор месечно
          13.217,00 м2
          Вкупна површина за метење на плоштади и уредени
          отворени простори годишно
          158.604,00 м2

           

          6.2) МИЕЊЕ НА ЈАВНИ ПОВРШИНИ
          Миење на јавни површини се врши од 1 април до 31 октомври, а во период од
          22,00 до 6,00 часот.

          Опис Временски период Ефективна површина (м2)
          Уреден простор пред општина Ранковце Еднаш неделно 400,00 м2, 4 х 400 = 1.600,00 м2
          Улица од м2 до амбуланта во с. Ранковце Еднаш неделно 600,00 м2, 4 х 600 =2.400,00 м2

          6.3) РАЧНО ЧИСТЕЊЕ НА СНЕГ И МРАЗ ВО ЗИМСКИ УСЛОВИ
          Во зимскиот период доколку паѓа снег наместо ставка 6.1 од оваа Програма,
          изведувачот е должен рачно да го чисти снегот и мразот од улиците опишани во
          табелата

          Опис Временски период Ефективна површина (м2)
          с. Ранковце од М2 до „Десетак“ 3.000,00 м2
          с.Ранковце од М2 до амбуланта 600,00 м2
          с.Опила Од М2 до мост на К.Река 1.000,00 м2
          с. Гиновци Од М2 до влез за Бентомак 1.200,00 м2
          с.Петралица Од пошта до споменик 1.000,00 м2
          с.Псача Од М2 до училиште 1 000,00 м2

           

          6.4. ВОНРЕДНО ОДРЖУВАЊЕ
          ЈКП „Чист ден„ е должен да постапува и по издадени решенија од
          Општинскиот комунален инспектор и овластениот инспектор за животна средина за
          чистење на мини депонии и јавни површини кои се надвор од Програмата, а кои се
          вонредно загадени и на кои е констатирано присуство на отпад од непознато потекло.

          ЈКП „Чист ден„ ќе врши чистење на просторот веднаш по одржување на јавни
          манифестации кои ги организира Општина Ранковце.
          ЈКП „Чист ден“ е должен да врши отстранување на некролози, плакати и
          постерите од улични столбови и дрвја со датум постар од две седмици.

           

          7. БУЏЕТ И ФИНАНСИРАЊЕ
          Со оваа Програма предвидено е вкупно одржување на јавни површини и тоа:

          Реден број Опис Површ. Вкупно предвидени м2/месечно Ед. цена Вкупно ден/месечно
          1 Метење улици 7.800,00 м2 10.400,00 м2 0,5 ден/м2 5.200,00 денари
          2 Метење плоштади и уредени отворени простори 7.800,00 м2 13.217,00 м2 0,5 ден/м2 6.608,50денари
          3 Миење на улици 600,00 м2 2.400,00 м2 0,5 ден/м2 1.200,00 ден
          4 Миење на плоштади и уредени отворени простори 400,00 м2 1.600,00 м2 0,5 ден/м2 800,00 ден
          5 Рачно чистење на мраз и снег од улици 7.800,00 По потреба / /

          Активностите утврдени со оваа Програма ќе се финансираат од надоместокот за
          одржување на јавна чистота, кој согласно Законот за јавна чистота се средства на
          општината за финансирање на одржувањето на јавната чистота.
          Висината на надоместокот, согласно обемот и активностите предвидени со
          Програмата за 2014 година изнесува 10 денари по домаќинство и 50 денари од правни
          лица.
          Вкупно предвидени средства од надомест за одржување на јавна чистота,
          согласно со моменталниот број на корисници на оваа услуга се 7.000,00 денари
          месечно, односно 84.000,00 денари годишно.
          Одржувањето на јавната чистота чини 0,50 денари/м2.
          Во утврдување на цената, работната рака учествува со 80%, а материјалните трошоци
          со 20 %.
          За целосно реализирање на активностите предвидени со оваа Програма
          потребни се финансиски средства во висина од 11.808,50 денари месечно или
          141.702,00 денари годишно, кои ќе бидат обезбедени од надоместокот за јавна
          чистота, од буџетот на Општина Ранковце, а исто така за реализација на Програмата се
          наменети и средствата добиени од глоби наплатени по Законот за јавна чистота, како
          и извршувањето на општокорисната работа.
          За реализација и финансирање на оваа Програма, Општина Ранковце ќе склучи
          Договор со ЈКП „Чист ден“ , кој ќе врши месечно задолжување со доставување на
          фактура.

           

          8.НАДЗОР НАД СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПРОГРАМАТА

           

          Надзор над спроведување на Програмата врши општинскиот комунален
          инспектор.
          За спроведените активности на терен изведувачот е должен да доставува
          месечни извештаи за работата, а на крајот на годината ќе доставува извештај до
          Градоначалникот и Советот на Општина Ранковце.
          Оваа Програма влегува во сила осмиот ден од денот на објавување во
          „Службен гласник “ на Општина Ранковце.

           

          Бр.07‐ 864/6                                                                  СОВЕТ НА ОПШТИНА РАНКОВЦЕ
          29.11.2013 година                                                                           Претседател,
          Ранковце.                                                                                  Тони Ангеловски