Архива за авторот: Dalibor

Објава Нацрт Б-Интегрирана еколошка дозвола

Објавува Нацрт Б-интегрирана еколошка дозвола за Енерго Максистем

Нацрт Б-интегрирана еколошка дозвола за Енерго Максистем

НАДЛЕЖНОСТИ НА СОВЕТОТ

Надлежност на советот

(1)Советот:

  1. Го донесува буџет на општината и други прописи;
  2. Донесува буџет на општината и годишна сметка на општината;
  3. Ја утврдува висината на сопствените извори на приходи за финансирање на општината, во рамките утврдени со закон;
  4. Основа јавни служби во рамките на надлежноста на општината и врши надзор над нивната работа;
  5. Именува членови во управните одборина јавните служби, кои ги основа;
  6. Усвојува програми за работа и финансиски планови за финансирање на јавните служби, кои ги основала општината;
  7. Ги усвојува извештаите за извршување на буџетот и годишната сметка на општината;
  8. Одлучува за давање дозвола за вршење дејност од јавен интерес од локално значење, во согласност со закон;
  9. Ги усвојува извештаите за работа и годишните сметки на јавните служби, кои ги основала општината;
  10. Одлучува за начинот на располагање со сопственоста на општината;
  11. Одлучува за начинот на вршење на финансиска контрола на буџетот на општината, во согласност со закон;
  12. Го избира лицето кое раководи со подрачната единица на Министерството за внатрешни работи во општината, во согласност со закон;
  13. Го разгледува и усвојува годишниот извештај за јавната безбедност на подрачјето на општината, кој го доставува до министерот за внатрешни работи и народниот правобранител;
  14. Може да дава препораки на раководното лице на подрачната единица на Министерството за внатрешни работи од областа на јавната безбедност и безбедноста во сообраќајот и
  15. Врши и други работи утврдени со закон.

(2)Доколку советот не ги усвои извештаите од ставот(1) точките(7) и (9) на овој член, може да покрене постапка за вршење на контрола над матријалното и финансиското работење пред надлежниот орган за надзор

(3)Раководното лице од ставот (1) точка 12 на овој член

Локален пат с.Радибуш

Почитувани,

Во целост е  асвалтиран дел од локалниот пат во с.Радибуш – маала Којкарци, делница од КМ 0+720 до КМ 1+220, Л=500 метри.

Изведувач на градежните работи е Друштво за производство, трговија и сообраќај ФИШЕР-ТИХИ ДОО увоз-извоз с.Карпош-Куманово.

Почитувани,

Денеска Градоначалникот Борче Спасовски изврши увид во градежните активности на изградбата на дел од локален пат во с.Радибуш – маала Којкарци, делница од КМ 0+720 до КМ 1+220, Л=500 метри кој е во фаза на релизација. Во следните денови е предвидено асвалтирање.

Изведувач на градежните работи е Друштво за производство, трговија и сообраќај ФИШЕР-ТИХИ ДОО увоз-извоз с.Карпош-Куманово.

МЕСНИ ЗАЕДНИЦИ

 

Во општина Ранковце има  12 Месни заедници

Граѓаните во Општина Ранковце ги основаат месните заедници заради остварување на уставното право на месна самоуправа, како облик на изразување на нивниот заеднички интерес и заради давање придонес за решавање на нивните секојдневни потреби во непосредната околина на подрачје за кое тие се основани и вклучување во системот на одлучување во локалната самоуправа.

Облиците во месната самоуправа работат во рамките на правата утврдени со Статутот на општина Ранковце и Правилата за работа на облиците на месната самоуправа на општина Ранковце. Облиците на месната самоуправа меѓусебно соработуваат заради остварување на нивните заеднички интереси. Облиците на месната самоуправа разгледуваат, заземаат и утврдуваат ставови за прашања од непосредено и секојдневно значење за животот и работата на жителите.

Надлежности на месните заедници се:

  • разгледување и заземање ставови за прашања од непосредно и секојдневно значење за животот и работата на жителите од тоа подрачје,
  • утврдување предлози за прашањата од непосредно и секојдневно значење за животот и работата на жителите од тоа подрачје,
  • одлучување за одделни прашања што не се исклучени од нивна надлежност или не се во надлежност на органите на општината и органите на државната власт.

 

Граѓаните во месната заедница расправаат, даваат иницијативи за донесување одлуки и други прописи, даваат иницијативи за остварувањето на заедничките интереси, им даваат предлози на надлежните органи и преземаат мерки за разрешување на локални и проблеми областа на:

  • комуналните дејности (снабдувањето со вода и одведувањето на отпадните води, одржување на хигиената и зеленилото, изградбата и одржувањето на патната мрежа, уредувањето и одржувањето на гробиштата во селата и др.);
  • заштитата на животната средина (заштита од загадување на водата, воздухот и почвата, заштита од прекумерна бучава и др.);
  • урбанистичко уредување на просторот;
  • јавниот превоз на патници;
  • образованието, здравството и социјалната заштита;
  • културни, забавни и спортски манифестации и одржувањето на објектите од јавен интерес;
  • развивањето на добрососедските односи;
  • снабдувањето со стоки и услуги, како и заштитата на потрошувачите;
  • други прашања од секојдневно значење за животот и работата на граѓаните.

Месните заедници имаат право да даваат иницијативи и предлози за решавање на определени прашања од страна на општината, како и да бараат од општината да ги покренува тие прашања пред други надлежни органи.

Месните заедници даваат предлози до органите на Општината за членови на посебните тела на општинaта кои разгледуваат прашања од областа на урбанизмот, заштитата на потрошувачите, односите меѓу  заедници застапени во општината, како и за други прeдлози  за кои тоа е предвидено со закон, статутот и другите прописи на општината.