Архива за авторот: rankovce

Повик до граѓаните на Општина Ранковце

Повик до граѓаните на Општина Ранковце

Советот на Општина Ранковце на својата седница одржана на ден 27.08.2014 година донесе Заклучок
со кој ја усвои Иницијативата на советникот Мики Милковски за определување на празник на Општина Ранковце
бр. 07-605/24.

Врз основа на усвоената иницијатива се повикуваат граѓаните на Општина Ранковце да достават свои предлози со значајни датуми за општината до Комисијата за одбележување на празници и манифестации и доделување на награди и признанија на Советот на Општина Ранковце.

Предлозите граѓаните да ги достават во писмена форма до Комисијата за одбележување на празници и манифестации и доделување на награди и признанија, најкасно до 12.08.2014 година.

 

 

Информација за настан

Почитувани,

Центарот за развој на Североисточниот плански регион и УСАИД Проектот за експанзија на мали бизниси имплементиран од Карана Корпорација во рамките на проектот “Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Североисточниот плански регион”, на 03-ти јуни 2014 година (вторник ) со почеток во 12:00 часот во салата на Совет на Општина Ранковце ќе организираат инфо ден на тема: “Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот”.

На овој настан ќе присуствуваат претставници од јавен, приватен и граѓански сектор од општината Ранковце , пред кои ќе се презентираат бенефитите и можностите кои се нудат со спроведувањето на ЛЕАДЕР пристапот во регионот.
Целта на инфо денот е учесниците да се запознаат со принципите и карактеристиките на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот како мерка од ИПАРД програмата преку која во иднина со нивно учество ќе можат да се спроведуваат проекти во руралните средини.

За дополнителни информации можете да контактирате со Данијела Трајковиќ координатор на проект во Центарот за развој на Североисточниот плански регион, на телефонскиот број 031 424 878 или преку електронска пошта на danijela@northeastregion.gov.mk.

АФПЗРР финансиска подршка за Општина Ранковце

Согласно доставеното барање на Општина Ранковце  до Агенцијата за финансиска подршка во земјоделството и руралниот развој  , за користење на средства од Програмата за финансиска подршка  на  руралниот развој  за 2011 година , мерка 3.1 за финансиска подршка за подобрување на квалитетот на живот во рурални средини –Проект за изградба на патна инфраструктура  ,, Локален пат во село Отошница ,, се одобрени финансиски средства за изградба на пат во должина од 1 км .
70 % од финансиските средства  за реализација на Проектот се подршка од АФПЗРР преостанатите средства се   обезбедени од Буџетот на Општина Ранковце.

Активности во Општина Ранковце Ноември 2013

Во Општина Ранковце кон крајот на октомври 2013 година заврши изградбата со асфалтирање на улица во село Петралица и асфалтирање улица во село Гиновци. Додека за трите улици во Ранковце фазата на асфалтирање, според информации од надзорниот инженер и изведувачот треба да се реализира до средината на месец ноември.
Општина Ранковце во текот на летото аплицираше со свои проекти на јавните повици од ИПАРД програмата и бевме известени дека два наши проекти се прифатени и одобрени со привремените Решенија за финанасирање од АФПРР на РМ, и тоа: 1. за дел од локален пат с. Гиновци до с.Милутинци во должина од околу 1.100 m и 2. улица во село Псача во м.в. „Ѓоринска маала – преку дол“ во должина од 772 m.
Овие проекти очекуваме да се реализараат наскоро по спроведувањето на постапките за јавни набавки и изборорт на најповолен економски оператор.

Што се однесува до функционирањето на Советот на општина Ранковце, и понатаму има многу опструкции од страна на советниците на ВМРО-ДПМНЕ кои и по втор пат одбиваат да го  гласаат ребалансот на Буџетот на општината, но одбиваат да гласаат и други значајни одлуки со што и нанесуваат штета на Општина Ранковце.
Заради тоа Општина Ранковце не може да набави дефибрилатор , што е законска обврска, а за што здравствено-санитарната инспекција при министерството за здравство се заканува со високи глоби.
Од инаетењето на советниците на ВМРО-ДПМНЕ без причина, можат да бидат доведени и во прашање реализацијата на повеќе проекти, особено преостанатите средства од Светска банка во висина од 3,6 милиони денари кои следуваат по успешно реализираните претходно наведени проекти.
Се надеваме дека кај советниците на ВМРО-ДПМНЕ ќе надвладее разумот и на следната седница во месец ноември ќе гласаат конструктивно во интерес на сите граѓани на Општина Ранковце

Со почит,

02.10.2013 г.                                                   ОПШТИНА РАНКОВЦЕ
Ранковце

Информација до граѓаните на Општина Ранковце

Почитувани граѓани на Општина Ранковце,

По заклучок на седница на Влада на Р.Македонија бр.41-7702/2 од 12.11.2013 година на барање на Националниот Сојуз на лицата со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност Македонија. Националниот Сојуз на слепи на Република Македонија и Националниот сојуз на глуви на Македонија и препораки до единиците на локална самопурава, Општина Ранковце го назначува лицето Славица Стефановска за комуникација со граѓани кои имаат некаков вид и степен на попреченост со цел укажување на помош.

Со почит,

Општина Ранковце

Градоначалник

Момчило Алексовски

ЈАВЕН ОГЛАС

Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Програмата за развој на Обединетите нации (UNPD) и Општина Ранковце бр.08-753/1 од 18.10.2013 г., и Решение бр. 08 – 766/2од 22.10.2013г.Градоначалникот на Општина Ранковце, Општина Ранковце и Агенцијата за вработување на Република Македонија на ден 22.10.2013 г. објавуваат

ЈАВЕН ОГЛАС

ЗА ВКЛУЧУВАЊЕ ВО ПРОГРАМАТА

„ОПШТИНСКО КОРИСНА РАБОТА“

до ЕВИДЕНТИРАНИТЕ НЕВРАБОТЕНИ ЛИЦА

1. Се повикуваат евидентираните невработени лица, кои се заинтересирани да се вклучат во програмата „Општинско корисна работа“проект „Грижа за стари лица“ заради работно ангажирање за период од 6 (шест) месеци, да се пријават во Агенцијата за вработување на Република Македонија – Центарот за вработување Крива Паланка или во архивата на Општина Ранковцe.

2. Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во програмата „Општинско корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со 20 работни часови неделно, при што за време на работниот ангажман од 6(шест) месеци статусот на невработените лица останува непроменет и на невработените лица корисници на социјална помош ќе им мирува остварувањето на ова право до истекот на работниот ангажман.

3. За секој кандидат кој ќе биде избран и вклучен во програмата „Општинско корисна работа“ се предвидува паричен надомест во нето износ од 6.000 денари месечно, ( со платен персонален данок и осигурување во случај на повреда при работа).

4. Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во програмата „Општинско корисна работа“ треба да спаѓаат во категоријата самохрани родители, други тешко вработливи категории на невработени лица ( корисници на социјална помош) или роми.

5. Заинтересираните невработени лица од точка 4 на овој Јавен оглас, пријави можат да поднесат во Агенцијата за вработување на Република Македонија – Центарот за вработување Крива Паланкаили во архивата на Општина Ранковце, од 22.10.2013 година до 30.10.2013 година.

6. Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на договор помеѓу Општина Ранковцеи кандидатите. . Детални информации за програмата „Општинско корисна работа“ можат да се добијат во Агенцијата за вработување на Република Македонија – Центарот за вработување Крива Паланка или во Општина Ранковце .

 

АГЕНЦИЈА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА РМ

ОПШТИНА РАНКОВЦЕ

Центар за вработување Крива Паланка

Македонија без отпад 2013

И оваа година на 5 октомври во општина Ранковце на три пријавени локации ќе се реализира акција „Македонија без отпад 2013“, на иницијатива на Асоцијацијата за чиста животна средина „Ајде Македонија“ и со поддршка на Министерството за животна средина и просторно планирање.

Целта на акцијата е да се исчисти отпадот фрлен на несоодветните места и да се подигне свеста кај граѓаните за правилно управување со него.

Во акцијата општина Ранковце ќе се вклучи со свои капацитети за отстранување отпад, а исто така ќе се вклучат и подрачните единици на Дирекцијата на заштита и спасување, Центарот за управување со кризи и единици на Армијата на Република Македонија. Училиштата кои се дел од општината, исто така, ќе бидат дел од акцијата.

Сите заинтересирани граѓани може да се вклучат во акцијата преку регистрирање на активност на веб страницата на Ајде Македонија www.ajdemakedonija.mk.

Локации на кои ќе се спроведе чистењето во Општина Ранковце:

– Во с.Ранковце школскиот двор-централниот дел на Ранковце-до Полициската станица,

– Во с.Петралица локалната улица почнувајки од магистралниот пат М2 до пругата, и

– Во с.Псача да се собира отпад во и околу чколскиот двор

Македонија без отпад 2013

И оваа година на 5 октомври во општина Ранковце на три пријавени локации ќе се реализира акција „Македонија без отпад 2013“, на иницијатива на Асоцијацијата за чиста животна средина „Ајде Македонија“ и со поддршка на Министерството за животна средина и просторно планирање.

Целта на акцијата е да се исчисти отпадот фрлен на несоодветните места  и да се подигне свеста кај граѓаните за правилно управување со него.

Во акцијата општина Ранковце ќе се вклучи со свои капацитети за отстранување отпад, а исто така ќе се вклучат и подрачните единици на Дирекцијата на заштита и спасување, Центарот за управување со кризи и единици на Армијата на Република Македонија. Училиштата кои се дел од општината, исто така, ќе бидат дел од акцијата.

Сите заинтересирани граѓани може да се вклучат во акцијата преку регистрирање на активност на веб страницата на Ајде Македонија www.ajdemakedonija.mk. 

Локации на кои ќе се спроведе чистењето во Општина Ранковце:

– Во  с.Ранковце школскиот двор-централниот дел на Ранковце-до Полициската станица,

– Во с.Петралица локалната улица почнувајки од магистралниот пат М2 до пругата, и 

– Во с.Псача да се собира отпад во и околу чколскиот двор

Изграден е мостот на река Орлошница во с.Радибуш

Реализацијата на Проектот „Изградба на мост на река Орлошница“  во с.Радибуш се одбиваше во две фази:

Првата фаза од проектот е реализирана со финансиска подршка добиена од Бирото за регионален развој на Програмата за одржлив и рамномерен регионален развој за 2009 година.

Втората и завршна фаза од проектот е реализирана со финсиски средства обезбедени од Буџетот на Општина Ранковце

most1 most11most11

Реконструиран и проширен е 1км од регионалниот пат Ранковце –Герман

Со  финансиски средства обезбедени од Агенцијата за државни патишта е извршена реконструкција и проширување на горниот слој од регионалниот пат Ранковце – Герман, во должина од 1 км во најфреквентниот дел од селото Ранковце.pat2pat 1

Обновена фасадата на црквата Св.Троица во планинското село Герман

Како резултат на донираните средства од Градоначалникот на Општина Ранковце Орце Тодоровски и неколку бизнисмени со потекло од Општината, обновена е фасадата на црквата Св. Троица во планинското село Герман.crkva