Архива за авторот: Slavica Mitevska

И З В Е С Т У В А Њ Е

Општина Ранковце за подостапна информација до  граѓаните  на општинаската страна ја проследува информацијата за отворениот   Јавниот повик   за самовработување на Министерот за економија и труд и Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија и тоа за Мерка 1.1 и Мерката 1.2 во рамки на Оперативниот план за вработување за 2025 година, кои имаат за цел поддршка на самовработувањето на невработените граѓани регистрирани во Агенцијата за вработување.

Мерката 1.1 е наменета за лица над 29 години и обезбедува финансиска поддршка од 430.500 денари односно 7.000 евра за основање на нов бизнис, а Мерката 1.2 се однесува за млади до 29 години, кои имаат можност да добијат поддршка до 615.000 денари или 10.000 евра за основање сопствен бизнис.

Двете мерки, исто така, вклучуваат обука за претприемништво, подготовка на бизнис план и менторство за 6-месечен период за целните групи, вклучувајќи ги и лицата со попреченост, припадниците на ромската заедница и жените од руралните средини.

подетални информации  за повиците има на  линкот :
https://www.economy.gov.mk/mk-MK/news/javen-povik-do-nevrabotenite-mladi-lica-do-29-godini.nspx
https://www.economy.gov.mk/mk-MK/news/javen-povik-do-nevrabotenite-lica-nad-29-godini.nspx

    Заинтересираните лица за учество во Програмата можат да аплицираат до 20.06.2025 година

Пријавата за учество треба да се поднесе во работниот клуб во центрите за вработување, секој работен ден од 08:00 – 14:00 часот. Сите заинтересирани можат да добијат детални информации за мерката во работните клубови на 30-те Центри за вработување на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, контакт центарот 02-3111-850 и веб страните  www.av.gov.mk

За информации може да се обратите и во Општина Ранковце  од 07:30 до -15:30 часот

Со почит ,                                                                       Градоначалник

Борче Спасовски

Известување за достапност на документ Контролна Листа на План за управување со животна средина и социјални аспекти за под-проект “Реконструкција на локален пат с. Псача – с. Одрено – Општина Ранковце ” во општина Ранковце во рамки на Проектот за поврзување на локални патишта во Р.С. Македонија

Во рамки на “Проектот за поврзување на локални патишта во РСМ” кој се реализира од страна на Единицата за имплементација на проект (ЕИП) при Министерството за транспорт со финансиска поддршка од Светска Банка, а со цел подобрување на локалната патна инфраструктура, Општина Ранковце аплицираше со проект за „Реконструкција на локален пат с. Псача – с. Одрено – Општина Ранковце ” во општина Ранковце.

Согласно Рамката за животна средина и социјални аспекти изготвена врз основа на барањата на Светска Банка  за Проектот, беше подготвен документ “Контролна Листа на План за управување со животна средина и социјални аспекти” во кој се анализирани влијанијата врз животната средина и социјалните аспекти кои ќе произлезат од планираните активности на Проектот.

Документот “Контролна Листа на План за управување со животна средина и социјални аспекти” е ставен на јавен увид на 10.03.2025 година официјалните веб страници на:

Општина Ранковце:   https://www.rankovce.gov.mk

ЕИП:                             www.wbprojects-mtc.mk

Вашите коментари може да ги доставите во рок од 14 дена од поставување на документот на веб страна.

 

образец-за-коментари

КЛ на ПУЖССА-за-Ранковце-с. Псача-с. Одрено

Известување-за-јавен-увид

Решение за одобрување на УП, Известување за дигитално преклопување и Синтезен план

Решение за одобрување

Синтезен план (3)

0932_40_03_Известување за дигитално преклопување