Архива за авторот: rankovce
Тениско и фудбалско игралиште, Општина Ранковце
Положување цвеќе на паднати борци – Вера Јоциќ, 11.11.2013 – с. Псача
Ден на дрвото, Општина Ранковце – 21.11.2013
Вадење на шкрилец, Ранковце – природни материјали
Општонароден собир, село Герман
Програма за работа во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на Република Македонија на подрачјето на Општина Ранковце за 2014 година
Р.М.“ бр.17/11, 53/11, 144/12 и 25/13), Уредба за висината на цената на градежното
земјиште сопственост на Република Македонија и висината на посебните трошоци за
спроведување на постапките за отуѓување и давање под закуп објавена во („Службен
весник на Р.М.“ бр. 102/11, 169/11, 14/12, 38/12, 54/12, 63/12, 150/12, 03/13 и 142/13),
како и член 23 од Статут на Општина Ранковце, Советот на Општина Ранковце на
седницата одржана на ден 29.11.2013 година, донесе:
ЗЕМЈИШТЕ ВО СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА НА ПОДРАЧЈЕТО
НА ОПШТИНА РАНКОВЦЕ ЗА 2014 ГОДИНА
Вовед
- Општ дел
- Просторен опфат и предмет на Програмата:
- Основи за изработка на Програмата:
- Стратегија за локален економски развој на Општина Ранковце за
плански период од 2009 год до 2015 год.
3.4. Мисија на Општината
До 2015 година, Општина Ранковце има за цел да обезбеди одржлив
развој користејки ги природните ресурси и човечки потенцијали, за
подобрување на на економските услови и квалитетот на живот на
целокупното население во заедницата.
За остварување на мисијата Општина Ранковце е насочена кон:
-привлекување на домашни и странски инвестиции за градба на нови и
ревитализација на постоечки стопански капацитети со активно
промовирање на расположивите ресурси кои ги нуди општината, со цел
зголемување на стапката на вработеност на населението. - ЛЕАП –Локален акционен план за животна срединаза Општина
Ранковце за плански период од 2008 година до 2014 година.
Општите цели на ЛЕАПОТ за Општина Ранковце се следните:
– Да се продолжи со процесот на приближување кон политиките на ЕУ во
областа на животната средина на локално ниово,
– Да се интегрира политиката на заштита на животната средина во
останатите секторски политики,
– Да се идентификуваат и зајакнат потребните административни
структури за ефикасно управување со животната средина,
– Да се обезбеди имплементација и спроведување на барањата за
животна средина на локално ниво,
– Да се поттикнат сите субјекти во областа на животната средина кон
поголема одговорност за заштита на животната средина, особено
јавноста,
– Да се постави основа за еколошки одржлив пристап,
– Да се изнајдат финасиски средства за решавање на приоритетните
еколошки проблеми. - Урбанистички планови за населените места
Урбанистички план за вон населено место– стопански комплекс
„Криво Крушче“, Одлука бр. 07-505/7 од 27.07.2007 година објавена во
Службен гласник на Општина Ранковце бр.8/2007,за период 2006-
2016 година. Со изработка на урбанистичкиот план вон населено
место, треба да се постигнат следните основни цели кои би можеле да
важат за наредниот плански период:
Изнаоѓање на потенцијали за натамошен развој кој се очекува да
биде поттикнат од геопрометната положба на локалитетот во
новата политичка консталација, во услови на битни промени во
начинот на стопанисување,односно обезбедување на простори
погодни за домашни и странски инвестирања. Планирање на просторот
во согласност со сеизмичката микрореонизација и заштита од можни идни
потреси. Определување на правците за ширење на локации за стопански
комплекси во атарот на општината за овој и наредните плански периоди. - Програма за изработка на урбанистички планови во 2014 година
- Забелешки и предлози од јавните презентации на нацрт
Програмата:
Да се наведат забелешките и предлозите. - Лица вклучени во изработка на Програмата:
-Славица Ѓоргиевска, диа-раководител на Одделение за инспекциски надзор-
инспекторат во Општина Ранковце,
-Боби Трајчевски, дши-советник за животна средина, уредување и управување
со градежно земјиште, во Одделение за урбанизм, комунални дејности, заштита
на животна средина, ЛЕР и јавни дејности во Општина Ранковце,
-Моме Крстевски, дги раководител на Одделение за урбанизм, комунални
дејности, заштита на животна средина, ЛЕР и јавни дејности во Општина
Ранковце. - Општи цели на Програмата
- Обезбедување на услови за социо-економски развој на општина Ранковце,
преку правење просторни услови за развој. - Конкретни цели на Програмата по населени места, урбани блокови и
локалитети. Заинтерсираните граѓани за изградба на сопствени простори за
обавување на дејност можат да ја реализираат својата потреба, а со тоа да
придонесат за развој на населеното место/локалитет, користење на локалните
ресурси, вработување на лица, обезбедување на подобри услови за живеење. -
Графички прилог со одбележани градежни парцели што ќе бидат предмет
на менаџирање опфатени со УП за вон населено место-стопански комплекс
„Криво Крушче“, с. Ранковце и тоа грдежна пацела од 1-23. - Детален преглед на градежни парцели опфатени со УП за вон населено
место-стопански комплекс „Криво Крушче“, с. Ранковце и тоа грдежни пацели од
1-23. - Дефинирање на целни групи за оделни групи на градежни парцели.
Целни групи за предвидените градежни парцели се домашни и странски
физички и правни лица кои се идни инвеститори. - Дефинирање на најефикасните маркетинг пристапи, алатки и канали
‐ организирање на форуми,
‐ собири на граѓани,
‐ рекламни спотови,
‐ веб сајт информации. - Дефинирање на опфатот и трошоците поврзани со имплементација на
маркетинг стратегијата. - Дефинирање на временската рамка за имплементација на маректинг
стратегијата. - Број на турнуси за објавување на оглас, временски период за објавување на
огласите и распределба на градежните парцели по турнуси:
‐ Два турнуса во 2014 година. - Со цел минимизирање на финасиските трошоци поврзани со објавата на огласи
за отуѓување, односно давање под закуп на градежното земјиште се
предвидува градежните парцели што се предмет на годишната Програма да се
објават во турнуси. - Турнусот би опфатил објава на огласи за сите градежните парцели што се
наоѓаат во состав на локалитетот стопански комплекс „Криво Крушче“ с.
Ранковце. Динамиката на реализација во вториот и четвртиот квартал на 2014
година. - Условите за надавање: висината на депозитот за учество-20% од вкупната
почетна цена за отуѓување, интернет страницата на која ќе се врши
надавањето :www.gradezno-zemjiste.mk
услови за учество : - Лица надлежни за реализација на Програмата:
Моме Крстевски – дипломиран инжинер,
Славица Ѓоргиевска – дипломиран инжинер архитект,
Боби Трајчевски – дипломиран инжинер. - Трошоци по основ на администрирање на постапките за отуѓување, односно
давање под закуп на градежното земјиште- 200.000,00 денари, - трошоци по основ на експропријација – 100.000,00 денари,
- трошоци за промовирање, односно рекламирање на градежните локации што ќе
бидат предмет на отуѓување, односно давање под закуп на градежното
земјиште- 300.000,00 денари. - Програмата може да се изменува и дополнува на начин и постапка иста по која и
се донесува. - За спроведувањето на оваа Програма надлежен е Градоначалникот на Општина
Ранковце.>
-
Со донесување на новиот закон за градежно земјиште („Службен весник
на Р.М.“ бр. 17/11, 53/11, 144/12 и 25/13), градежното земјиште може да биде во
сопственост на Република Македонија, општините, општините во градот Скопје
и градот Скопје, домашни и странски правни и физички лица.
Сопстевноста на градежното земјиште создава права и обврски.
Сопстевноста на градежното земјиште вклучува и право на градење на
земјиштето. Одлука за стекнување на сопственост на градежното земјиште за
општините, општините во градот Скопје и градот Скопје донесува Советот.
Сопстеноста на општините им ги овозможува следните права: на
градење, користење, пренесување на правото на градење на други лица и
отуѓување на градежното земјиште.
Со градежното земјиште сопственост на Република Македонија управува
Владата на Република Македонија.
Градежното земјиште наменето за општа употреба можат да го користат
сите правни и физички лица, општините, општините во градот Скопје и градот
Скопје. Правото на користење Владата на Република Македонија може да го
пренесе на општините.
Сопственоста на градежното земјиште ја опфаќа неговата површина и се
она шето е со него трајно поврзано, а се наоѓа над или под површината.
Градежното земјиште е добро од општ интерес за Република
Македонија, а уредувањето на градежното земјиште е од јавен интерес.
Градежното земјиште може да биде изградено и неизградено, уредено и
неуредено. Изградено градежно земјиште е земјиште на кое е изграден објект
од траен карактер и земјиштето што служи за редовна употреба на објектот во
граници на градежната парцела.
Уредено градежно земјиште е земјиште опремено со комунална
инфраструктура, додека неуредено градежно земјиште е земјиште на кое
нема изграедно комунална инфраструктура.
Градежно земјиште е земјште кое е планирано со урбанистички план или
урбанистичка планска документација.
Градежна парцела е дел од градежното земјиште, чии граници се
утврдени со урбанистички план или урбанистичка планска документација и
може да се состои од една, од дел или од повеќе катастарски парцели.
Објект од траен карактер е објект изграден со дoкументација
(одобрение) и заведен во јавните книги за недвижности.
Објект од времен карактер е објект поставен со одобрение за
поставување до реализација на урбанистички план или урбанистичка
документација. Времените објекти не се дел од градежното земјиште и врз
основа на нив не може да се стекне сопственост на градежното земјиште.
Инфраструктурен објект е подземна или надземна градба за инсталации
од комуналната инфраструктура.
Прометот со градежното земјиште е слободен.
Градежното земјиште сопственост на Република Македонија може да се
отуѓи, даде на користење (концесија или јавно приватно партнерство), даде под
долготраен и краткотраен закуп, разменува или да се востановат други стварни
права.
Предмет на Програмата е менаџирање со градежното земјиште
во сопственост на Република Македонија што се наоѓа на територијата на
Општина Ранковце, дефинирана според територијалната организација на
Република Македонија, за време на календарска 2014 година.
За да може да се врши отуѓување, давање под закуп на градежното
земјиште потребно е да се изработи мапа на државното градежно земјиште во
општината со сите нумерички податоци за истото.
Важен фактор во оваа постапка е категоријата на урбанистички план,
односно урбанистичките планови врз основа на кои може да се издаде
одобрение за градење.
Во текот на годишната Програмата се предвидува предмет на
менаџирање со градежното земјиште во сопственост на Република Македонија
да бидат градежните парцели што се наоѓаат на териториите на следните
населени места и локалитети:
-К.О. Ранковце, локалитет Криво Крушче, Урбанистички план за вон
населено место-стопански комплекс „Криво Крушче“, Одлука бр. 07-505/7 од
27.07.2007 година објавена во Службен гласник на Општина Ранковце бр.
8/2007.
Законски основ на програмата за управување со градежното земјиште се:
Закон за локалната самоуправа („Службен Весник на Р.М. бр. 5/2002“), Закон за
градежно земјиште („Службен весник на Р.М“ бр. 17/11, 53/11, 144/12 и 25/13) и
член 23 од Статутот на Општина Ранковце (Службен Гласник бр. 9/05,
4/10, 1/11).
Основни плански документи:
Други документи потребни за изработка на Програмата се следните стратешки,
развојни и плански документи донесени на локално ниво:
Глави на Програмата
1. Цели на Програмата
2. Обем и преглед на градежно земјиште што е предмет на Програмата
(групирани по урбанистички план),
а. Градежни парцели што ќе бидат предмет на отуѓување по пат на јавно надавање:
Табела со следните информации:
| Број на градежна парцела | Вкупна површина |
Намена на земјиште (основна класа) |
Намена на земјиште (опис) |
Број на к.п. во состав на градежна парцела |
Површина за градба |
Бруто развиена површина во м2 |
Процент на изграде ност |
Коеф. на искорис. на земјиште |
Мах. доз висина |
катност | Почетна/ утврдена цена по м2 |
Вкупна почетна /утврдена цена |
|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| 1 | 2 815,30 | Г 2,3,4 | Лесна и незагадувачка индустрија,сервиси и стоваришта |
3392/1 и 4967/1 |
837,6 м2 | 2 512,8 | 29,80 % | 0,90 | 10,0 м | П+2 | 61,00 | 171.733,30 |
| 2 | 2 687,00 | Г 2,3,4 | Лесна и незагадувачка индустрија,сервиси и стоваришта |
3392/1 4967/1 |
1166,70 | 3 500,00 | 43,40% | 1,30 | 10,00 м | П+2 | 61,00 | 163,907,00 |
| 3 | 3 253,70 | Г 2,3,4 | Лесна и незагадувачка индустрија,сервиси и стоваришта |
3392/1 4967/1 |
1347,80 | 4 043,00 | 41,40% | 1,24 | 10,0 м | П+2 | 61,00 | 198.475,70 |
| 4 | 1 561,00 | Г 2,3,4 | Лесна и незагадувачка индустрија,сервиси и стоваришта |
3392/1 4967/1 |
618,70 | 1 856,00 | 39,60% | 1,20 | 10,0 м | П+2 | 61,00 | 95.221,00 |
| 5 | 1 576,70 | Г 2,3,4 | Лесна и незагадувачка индустрија,сервиси и стоваришта |
3392/1 4967/1 |
626,40 | 1 879,20 | 39,70% | 1,20 | 10,0 м | П+2 | 61,00 | 96.178,70 |
| 6 | 1 575,00 | Г 2,3,4 | Лесна и незагадувачка индустрија,сервиси и стоваришта |
3392/1 | 627,30 | 1 882,00 | 39,80% | 1,20 | 10,0 м | П+2 | 61,00 | 96.075,00 |
| 7 | 1 575,00 | Г 2,3,4 | Лесна и незагадувачка индустрија,сервиси и стоваришта |
3392/1 | 633,00 | 1 900,00 | 40,20% | 1,21 | 10,0 м | П+2 | 61,00 | 96.075,00 |
| 8 | 1 573,30 | Г 2,3,4 | Лесна и незагадувачка индустрија,сервиси и стоваришта |
3392/1 4967/1 |
639,00 | 1 917,00 | 40,60% | 1,22 | 10,0 м | П+2 | 61,00 | 95.971,30 |
| 9 | 1 503,00 | Г 2,3,4 | Лесна и незагадувачка индустрија,сервиси и стоваришта |
3392/1 | 610,40 | 1 831,20 | 40,60% | 1,22 | 10,0 м | П+2 | 61,00 | 91.683,00 |
| 10 | 1 371,80 | Г 2,3,4 | Лесна и незагадувачка индустрија,сервиси и стоваришта |
3392/1 | 479,80 | 1439,40 | 35,00% | 1,05 | 10,0 м | П+2 | 61,00 | 84.472,80 |
| 11 | 1 506,60 | Г 2,3,4 | Лесна и незагадувачка индустрија,сервиси и стоваришта |
3392/1 | 579,60 | 1 738,80 | 38,50% | 1,15 | 10,0 м | П+2 | 61,00 | 92.902,60 |
| 12 | 1 610,00 | Г 2,3,4 | Лесна и незагадувачка индустрија,сервиси и стоваришта |
3392/1 | 672,70 | 2 018,00 | 41,80% | 1,25 | 10,0 м | П+2 | 61,00 | 98.210,00 |
| 13 | 1 610,0 | Г 2,3,4 | Лесна и незагадувачка индустрија,сервиси и стоваришта |
3392/1 | 679,40 | 2 038,20 | 42,20% | 1,26 | 10,0 м | П+2 | 61,00 | 98.210,00 |
| 14 | 1 503,50 | Г 2,3,4 | Лесна и незагадувачка индустрија,сервиси и стоваришта |
3392/1 | 602,00 | 1 806,00 | 40,00% | 1,20 | 10,0 м | П+2 | 61,00 | 91.713,50 |
| 15 | 1 358,30 | Г 2,3,4 | Лесна и незагадувачка индустрија,сервиси и стоваришта |
3392/1 | 468,00 | 1 404,00 | 34,50% | 1,03 | 10,0 м | П+2 | 61,00 | 82.856,30 |
| 16 | 2 367,20 | Г 2,3,4 | Лесна и незагадувачка индустрија,сервиси и стоваришта |
3392/1 | 916,20 | 2 748,60 | 38,70% | 1,16 | 10,0 м | П+2 | 61,00 | 144.399,20 |
| 17 | 1 847,10 | Г 2,3,4 | Лесна и незагадувачка индустрија,сервиси и стоваришта |
3392/1 4967/1 |
792,00 | 2 376,00 | 43,00% | 1,29 | 10,0 м | П+2 | 61,00 | 112.673,10 |
| 18 | 2 309,30 | Г 2,3,4 | Лесна и незагадувачка индустрија,сервиси и стоваришта |
3392/1 4967/1 3393/1 |
950,60 | 2 851,80 | 41,20% | 1,23 | 10,0 м | П+2 | 61,00 | 140.867,30 |
| 19 | 2 100,00 | Г 2,3,4 | Лесна и незагадувачка индустрија,сервиси и стоваришта |
3415/1 3393/1 3392/4 |
829,00 | 2 487,00 | 39,50% | 1,18 | 10,0 м | П+2 | 61,00 | 128.100,00 |
| 20 | 1 950,00 | Г 2,3,4 | Лесна и незагадувачка индустрија,сервиси и стоваришта |
3415/1 3393/1 3392/4 |
711,60 | 2 134,80 | 36,50% | 1,10 | 10,0 м | П+2 | 61,00 | 118.950,00 |
| 21 | 1 800,00 | Г 2,3,4 | Лесна и незагадувачка индустрија,сервиси и стоваришта |
3392/4 3415/1 3393/1 |
577,00 | 1 731,00 | 32,10% | 0,96 | 10,0 м | П+2 | 61,00 | 109.800,00 |
| 22 | 1 653,00 | Г 2,3,4 | Лесна и незагадувачка индустрија,сервиси и стоваришта |
3393/1 3415/1 4967/1 |
455,30 | 1 365,90 | 27,50% | 0,83 | 10,0 м | П+2 | 61,00 | 100.833,00 |
| 23 | 4 484,50 | Б1 | Бензинска пумпа | 3415/1 4967/1 |
1 547,20 | 3 094,40 | 34,50% | 0,70 | 6,0 м | П+1 | 61,00 | 273.554,50 |
| 2.782.862,30 |
б. Градежни парцели што ќе бидат предмет на издавање под долготраен
закуп по пат на јавно надавање:
в. Градежни парцели што ќе бидат предмет на издавање под краткотраен
закуп по пат на јавно надавање:
г. Градежни парцели што ќе бидат предмет на давање на користење заради
давање на концесија или јавно приватно партнерство:
3.Маркетинг стратегија за промоција на градежното земјиште што е предмет
на оваа Програма:
Определувањето на маркетинг стратегијата започнува со дефинирање
односно претпоставување на заинтересираните страни за купување односно
изнајмување на одредени делови од градежното земјиште. Заинтересираните
страни се всушност потенцијалните купувачи и изнајмувачи на земјиштето и
идни инвеститори, односно претставуваат целна групата на активностите од
маркетинг стратегијата.
Со оглед на различната намена и местоположба на градежното земјиште што
ќе биде понудено, логично е целните групи за одделни локации да бидат
различни. Следен чекор е идентификување на најефикасните маркетинг
пристапи, алатки и канали за комуницирање/промовирање на понудата до
заинтересираните страни. Маркетинг пристапот, алатките и каналите за
комуницирање/промовирање се лимитирани од повеќе аспекти, но главно од
финансиската моќ на општината. Како и да е, маркетинг стратегијата мора да
обезбеди испраќање на вистинска, навремена и прецизна информација на
вистинска адреса.
Имплементацијата на маркетинг стратегијата ќе се врши континуирано се до
реализација на Програмата.
4. Динамика на реализација на Програмата
5. Проценка на финансиските приливи по основ на реализација на
Програмата (приходна страна на Програмата):
Просечната пазарна цена за метар квадратен градежно земјиште по зони во
локалитет стопански комплекс „Криво Крушче“ с. Ранковце изнесува 400,00
денари а вкупната цена за предвидените градежни парцели со вкупна
површина 46.520 метри квадратни изнесува 18.248.000,00 денари.
6. Проценка на финансиските средства потребни за реализација на
Програмата (расходна страна на Програмата):
Финансиските средства потребни за реализација на програмате се состојат од збир
на проценетите финансиски средства потребни за реализирање на селдните
активности:
7. Преодни и завршни одредби:
Програмата влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен
гласник на Општина Ранковце“.
Бр.07-864/8 СОВЕТ НА ОПШТИНА РАНКОВЦЕ
29.11.2013 год Претседател,
Ранковце. Тони Ангеловски
Програма за уредување на градежно неизградено земјиште и одржување на комуналната инфраструктура во Општина Ранковце за 2014 година
бр.17/2011, 53/2011, 144/12 и 25/13) и Правилникот за степенот на уредувањето на
градежното земјиште со објекти на комуналната инфраструктура и начинот на
утврдување на висината на трошоците за уредувањето во зависност од степенот на
уреденост (”Службен весник на РМ” бр.38/2011) и член 23 од Статутот на Општина
Ранковце, Советот на Општина Ранковце на седницата одржана на ден 29.11.2013 година,
донесе:
ВОВЕД:
Под уредување на градежно земјиште се подразбира изградба на објекти на
комуналната инфраструктура, заради обезбедуваwе на непречен пристап до градежната
парцела од јавен пат, поставување на водоводна, фекална и атмосферска канализација,
електрична и друга инсталација со приклучоци до градежната парцела.
Програмата за уредување на градежно неизградено земјиште и одржување на
комуналната инфраструктура во Општина Ранковце за 2014 година во основа ги
конкретизира задачите кои во изминатиот период не се завршени, оние за кои се
превземени почетни активности во текот на 2013 година, а ќе бидат реализирани во
наредниот период и се неопходни за реализација на урбанистичките планови во
Општината и активности кои имаат итен и неодложен карактер.
Уредувањето на градежното земјиште во рамките на подрачја утврдени со
Урбанистичките планови, урбанистичките планови за вон населени места ќе го врши
Општината.
Програмата за уредување на градежното земјиште особено содржи податоци за:
1. Просторот кој е предмет на уредување,
2. Обемот на работите за подготвување и расчистување на градежното земјиште,
3. Обемот и степенот на опремување на градежно земјиште со објекти на
основната и секундарна инфраструктура,
4. Изворите за финансирање на Програмата,
5. Пресметуваwе на трошоците за уредување на градежното земјиште,
6. Висина на надоместок за уредување на градежното земјиште и негова
распределба,
7. Начин на распределба на средствата за финансирање за изградба и одржување
на инфраструктурата,
8. Динамика на извршување на Програмата.
А. ПРОСТОРОТ КОЈ Е ПРЕДМЕТ НА УРЕДУВАЊЕ :
Градење на објект се врши на уредено градежно земјиште.
Уредување на градежното земјиште утврдено со Урбанистички планови,
урбанистичките планови за вон населено место врши Општината, а доколку општината
не го уредува земјиштето, истото го врши инвеститорот на сопствен трошок за што не
плаќа надоместок за уредување на градежно земјиште.
Уредувањето на градежното земјиште се врши врз основа на Програма.
Експропријација на сопственоста и правата кои произлегуваат од неа, на земјиште,
згради и други објекти (недвижности) заради изградба на објекти на инфраструктурата
предвидени со програмата за уредување на градежно земјиште се врши во корист на
Републиката, а на трошок на Општината се до донесување на поинаква законска
регулатива.
Под уредување на градежно земјиште се подразбира изградба на објекти од
инфраструктурата заради обезбедување на непречен пристап до градежната парцела од
јавен пат, поставување на водоводна, канализациона, електрична и друга инсталација со
приклучоци до градежната парцела. Уредувањето на градежното земјиште може да биде
извршено целосно или делумно.
Во 2014 година уредување на градежното земјиште ќе се врши според оваа
Програма а ќе бидат третирани следните локалитети:
А. Населени места каде што има Урбанистички планови за село во рамките на
опфатите на истите и тоа за следните населени места:
– Ранковце, Гиновци, Петралица, Опила и Псача.
Б. Населени места каде што има Урбанистички планови за вон населени места:
-с.Гиновци (локалитет Парк), с.Ранковце (локалитет Криво Крушче), с. Пклиште
урбан блок 1.
1. ОБЕМОТ НА РАБОТИТЕ ЗА ПОДГОТВУВАЊЕ И
РАСЧИСТУВАWЕ НА ГРАДЕЖНОТО ЗЕМЈИШТЕ
I. Подготвителни работи за уредување и опремување на градежното земјиште се
сметаат следните работи:
- Изготвување на урбанистички планови
- Изработка на техничка документација
- Извршување на основни геомеханички испитувања
- Решавање на имотно-правните односи со поранешните сопственици.
II. Расчистување на градежно земјиште ќе се врши за:
- Основна инфраструктура, основни сообраќајници и објекти (водоводна,
канализациона и електрична мрежа).
III. Опремување на градежното земјиште
Под опремување на градежното земјиште со комунални објекти и инсталации од
колективно и индивидуално значење надвор од локацијата ќе се сметаат следните работи:
- Проектирање и изградба на улици надвор од локации односно приспособување на
постојниот пристапен пат и обезбедување пешачки пристап до објектот; - Кога се решава пристап само за една индивидуална станбена зграда, сопственикот
гради сам а добива само помош; - Проектирање и изведба на водоводна мрежа 30 м. до местото на приклучување.
- Проектирање и изведба на фекална канализација 30 м. до местото на
приклучување. - Проектирање и изведба на ниско напонска електрична мрежа 30 м. до објектот.
IV. Трошоците за дворно уредување, потпорни и обложни зидови, пристапни
патеки и дворни зеленила се на терет на инвеститорот.
3. ОБЕМ И СТЕПЕН НА ОПРЕМУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНОТО
ЗЕМЈИШТЕ СО ОБЈЕКТИ НА ОСНОВНАТА И СЕКУНДАРНАТА
ИНФРАСТРУКТУРА
Под степен на уреденост на градежното земјиште се подразбира обемот на
опременост на земјиштето со објекти од комунална инфраструктура со задоволување на
заедничката и индивидуалната комунална потрошувачка до границите на градежната
парцела.
Степенот на уреденост на градежното земјиште може да биде основен, повисок или
понизок од основниот.
Основен степен на уреденост на градежното земјиште со комунална
инфраструктура опфаќа:
- непречен пристап до градежната парцела од јавен пат (улица со тротоар), пешачки
патеки и други површини согласно урбанистичките планови, - подземна електрична мрежа,
- улично осветлување,
- водоводна мрежа,
- фекална и атмосферска канализација.
Повисок степен на уреденост на градежното земјиште со комунална
инфраструктура опфаќа дополнителна опременост на градежното земјиште со
останатите објекти на комуналната инфраструктура:
- ПТТ (оптичка-телекомуникациона) мрежа
- топлификациона мрежа,
- паркинг простори,
- гасоводна мрежа,
- пречистителна станица за отпадни води.
Понизок степен на уреденост на градежното земјиште со комуналната
инфраструктура опфаќа:
- непречен пристап до градежната парцела од некатегоризиран јавен пат,
- сопствено водоснабдувањње (нема приклучок на водоводна мрежа),
- септичка јама (нема приклучок на фекална канализација),
- сопствен одвод на атмосферски води (нема приклучок на атмосферска
канализација), - нестандардно улично осветлување,
- надземна нестандардна електрична мрежа.
Степенувањето на уреденоста на градежното земјиште до границите на градежната
парцела се врши според изграденоста на следните објекти од комуналната
инфраструктура:
- Изградба на непречен пристап до градежната парцела од јавен пат.
- Изградба на електрична мрежа.
- Изградба на водоводна мрежа.
- Изградба на фекална канализација.
Во 2014 година уредување ќе се врши според оваа Програма, а ќе бидат третирани
повеќе локалитети во Општината.
А. Техничка документација за канализација:
| Реден број | Населено место | Должина | Ниво на разработка | Вредност во денари |
|---|---|---|---|---|
| 1 | с. Псача | 6,0 км | Основен проект | 200 000,00 |
| 2 | с. Ранковце (Црква‐Млин) | 1,0 км | Основен проект | 40 000,00 |
| 3 | с. Опила | 6,0 км | Основен проект | 100 000,00 |
| 4 | с. Љубинци | 4,0 км | Основен проект | 85 000,00 |
| 5 | с. Петралица | 0,5 км | Основен проект | 30 000,00 |
| 6 | с. Гиновце (Гиновски Дол) | 0,25 км | Основен проект | 15 000,00 |
| Вкупно | 470 000,00 |
Б. Техничка документација за водоснабдување:
| Реден број | Населено место | Должина | Ниво на разработка | Вредност во денари |
|---|---|---|---|---|
| 1 | с. Милутинци и Гиновци(горен дел) | 8,0 км | Основен проект | 200 000,00 |
| Вкупно | 200 000,00 |
В. Техничка документација за улици и патишта
| Реден број | Населено место | Должина | Ниво на разработка | Вредност во денари |
|---|---|---|---|---|
| 1 | с.Љубинци (М2-маало) | 2,0 км | Основен проект | 100 000,00 |
| 2 | с.Ранковце(М2-Камлеш )Перса | 1,0 км | Основен проект | 50 000,00 |
| 3 | с.Ранковце (Крива Крушка-Отошница-Вржогрнци) | 3,0 км | Основен проект | 150 000,00 |
| Вкупно | 300 000,00 |
Г. Техничка документација за изградба на спортски објекти и уредување на јавни
површини
| Реден број | Населено место | Ниво на разработка | Вредност во денари |
|---|---|---|---|
| 1 | с.Ранковце( до полициска станица) | Основен проект | 30 000,00 |
| 2 | с.Ранковце (зелен Пазар) | Основен проект | 50 000,00 |
| 3 | с.Ранковце (локација до фудбалско игралиште) | Основен проект | 20 000,00 |
| 4 | с. Гиновци (локација до бентомачки пат) | Основен проект | 20 000,00 |
| Вкупно | 120 000,00 |
Д. Изработка на инфраструктурни проекти за објекти од комуналната
инфраструктура и тоа патишта, водоводи и канализации……………. 300 000,00 денари
А. Асфалтирање на улици и патишта
| Реден број | Населено место | Должина | Позиција | Вредност во денари |
|---|---|---|---|---|
| 1 | с. Гиновци (А2-Железничка пруга) | 400,00 м | Асфалтирање | 3 500 000,00 |
| Вкупно | 3 500 000,00 |
Б. Тампонирање на улици и патишта
| Реден број | Населено место | Должина | Позиција | Вредност во денари |
|---|---|---|---|---|
| 1 | с. Љубинци (М2‐маало) | 1,0 км | Тампонирање | 200 000,00 |
| 2 | с.Ранковце (ромска маала) | 0,5 км | Тампонирање | 100 000,00 |
| Вкупно | 300 000,00 |
В. Изградба на мостови и регулации
| Реден број | Населено место | Должина | Позиција | Вредност во денари |
|---|---|---|---|---|
| 1 | с. Ранковце (регулација на Ранковачка Река и Голем Дол) | 100 м | Изградба | 1 500 000,00 |
| Вкупно | 1 500 000,00 |
| Реден број | Населено место | Позиција | Вредност во денари |
|---|---|---|---|
| 1 | с.Ранковце (до Полициска станица) | Партерно уредување | 300 000,00 |
| 2 | С. Петралица (пред месна канцеларија) | Партерно уредување | 300 000,00 |
| Вкупно | 600 000,00 |
Приклучување на граѓани кои се приклучуваат на водоводната мрежа , а се подалеку
од 30 метри од главната водоводна линија
| Реден број | Населено место | Позиција | Вредност во денари |
|---|---|---|---|
| 1 | с. Псача | Изградба | МТВ (ЕБОР) |
| 2 | с.Отошница и с.Радибуш | Изградба | 1 200 000,00 |
| 3 | с. Опила | Изградба | 100 000,00 |
| Вкупно | 1 300 000,00 |
1. Изградба на канализациона мрежа за приклучување на граѓани кои се подалеку од 30
метри од главната канализациона мрежа
| Реден број | Населено место | Позиција | Вредност во денари |
|---|---|---|---|
| 1 | с. Опила | Изградба | МТВ (ЕБОР) |
| 2 | с. Љубинци | Изградба | МТВ (ЕБОР) |
| 3 | с.Ранковце (фудбалско игралиште‐ромско маало) Л=1 000,00 метри | Изградба | 1 500 000,00 |
| Вкупно | 1 500 000,00 |
1.Санација на постојни улици и патишта
2.Одржување на постојни патишта преку чистење на одрони, одржување и изградба
на канавки за одвод на атмосферски води и слично.
Оваа Програма влегува во сила осмиот ден од денот на објавување во “Службен
гласник на Општина Ранковце”.
Експропријација на земјиште ќе се врши само за реализација на деталните
урбанистички планови за населените места за изградба на објекти на инфраструктурата.
– Средства од продажба на градежно земјиште……………………….. 4 500 000,00 денари
– Средства од надоместок за уредување на градежно неизградено земјиште (комуналии) …………………………………………………………………………………………………. 390 000,00 денари
– Кредит од Светска банка ………………………………………………………. 3 500 000,00 денари
– Средства од Министерство за транспорт и врски
(заем од ЕБОР)………………………………………………………………………
– Средства од општина …………………………………………………………. 1 250 000,00 денари
– Средства од Агенција за државни патишта ……………………….. 1 000 000,00 денари
Вкупно: 10 640 000,00 денари
Средствата за уредувањето на градежното земјиште и средствата за употреба на
градежното земјиште се приходи на Општина Ранковце и се уплатуваат на Трезорска
сметка 100000000063095, уплатна сметка 840 159 06511 и приходна шифра 717 137 НБ на РМ.
Со оваа Програма ќе бидат опфатени следните населени места: Ранковце,
Петралица, Гиновци, Псача, Опила, Пклиште. Во овие населени места постојат
инфраструктурни објекти кои во изминатите а и оваа година се градат од донации
или други фондови. Надоместокот за уредување на градежното земјиште ќе се
користи како сопствено учество при добивање на донации, републички средства,
како и во поединечни потреби за изградба на делови од канализациона мрежа,
водоводна и електри~на, при нивно прошируваwе, пробивање на патишта,
потпорни зидови, регулации и слично, односно подобра инфраструктура и подобро
живеење.
Земајќи во предвид да голем процент на земјиштето е во приватна
сопственост, не може да се очекува прилив на средства од трошоци за уредување на
градежно земјиште од доделување на нови локации во сопственост на Република
Македонија.
Приливот на средства би бил од нови градби, доградби, надградби на
постојните објекти.
Вистинските калкулативни износи за уредување на градежното земјиште би
биле:
- Проектирање 5,00 ден/м2 НКП
- Изработка на сообраќајници, пробивање и тампонирање 125 ден/м2 НКП
- Водоводна мрежа 220,00 ден/м2 НКП
- Канализациона мрежа 342,00 ден/м2 НКП
- Електрична мрежа 454,00 ден/м2 НКП
- Имотно правни работи 124,00 ден/м2 НКП
_________________________________________
Вкупно: 1270,00 ден/м2 НКП
Овој износ во колку има група на куќи на една улица, би бил сепак добар за
горе наведената инфраструктура. Но земајќи во предвид дека тоа ќе бидат
поединечни случаи една на една друга на друга локација, изградбата на
инфраструктурата ќе биде неостварлива.
Од тие причини се предлага да тој износ биде многу помал од реалниот
односно целиот простор предвиден за уредување е поделен на три зони и тоа:
I-ва зона опфаќа населено место Ранковце каде има Урбанистички план,
урбанистички план за вон населено место и локална урбанистичка планска
документација (ЛУПД).
II-ра зона опфаќа населено место Гиновци, Петралица,Опила и Псача каде има
Урбанистички план, урбанистички план за вон населено место и локална
урбанистичка планска документација (ЛУПД).
III-та зона ги опфаќа останатите населените места кои не се опфатени во прва и втора
зона каде има Урбанистички план, урбанистички план за вон населено место и
локална урбанистичка планска документација (ЛУПД).
Во текот на 2014 година висината на надоместокот според горенаведените
зони за изградба на колективни и индивидуални станбени згради во Општина
Ранковце ќе се наплатува на 1 м2 корисна површина и ќе изнесува:
I-ва зона———————————- 350,00 ден/м2
II-ра зона——————————— 300,00 ден/м2
III-та зона ——————————– 250,00 ден/м2
Висината на сретствата за комунално уредување за изградба на деловен простор
према одредените зони во општината Ранковци ќе изнесува:
I-ва зона———————————- 500,00 ден/м2
II-ра зона——————————— 450,00 ден/м2
III-та зона ——————————– 400,00 ден/м2
Висината на сретствата за комунално уредување за изградба на производни објекти
према одредените зони во општина Ранковце ќе изнесува:
I-ва зона———————————- 200,00 ден/м2
II-ра зона———————————-150,00 ден/м2
III-та зона ——————————–120,00 ден/м2
ГРАДЕЖНОТО ЗЕМЈИШТЕ И НЕГОВАТА РАСПРЕДЕЛБА
Висината на трошоците за уредување на градежното земјиште, во зависност од
степеност на уреденост на градежното земјиште се пресметува по метар квадратен на
неговата корисна површина што ќе се гради, што претставува збир на нето површините
на подовите на сите простори во објектот, согласно заверениот основен проект и анекс на основниот проект, помножен со следните коефициенти:
1. За станбени објекти:
- станбени простории, 1,0;
- станбени простории со висина до 2,50м, подпокривен простор 0,2;
- логија затворена од три страни, 0,4;
- подлогија затворена од две страни, 0,3;
- балкони, тераси, 0,2;
- заеднички проодни тераси, пасажи, 0,2;
- помошни простории, остава за гориво, котлара, визба, 0,3;
- трафостаница до 35 КВ во објектот и надвор од објектот, 0,3;
- скалишен простор и заеднички комуникации, 0,3;
- стражарница, управител, простории за одмор, 0,5;
- паркиралишта и гаражи, 0,1.
2. За деловни и јавни објекти
- простории, 1,0;
- магацини, 0,5;
- помошни простории, остава за гориво, котлара, 0,3;
- трафостаница до 35 КВ во објектот и надвор од објектот, 0,4;
- скалишен простор и заеднички комуникации, 0,5;
- паркиралишта и гаражи, 0,1;
- логија затворена од три страни, 0,5;
- подлогија затворена од две страни, 0,3;
- балкони, тераси, 0,4;
- отворен наткриен простор, 0,3;
3. За други објекти
- катни гаражи, 0,05;
- спортски покриени објекти, 0,5;
- спортски откриени објекти, 0,3;
- гасни станици и базни станици за 50% од површината на локацијата, 1,0;
- отворени пазаришта за 30% од површината на локацијата, 1,0;
- базени, 0,2 и
- трафостаници над 35 КВ, 1,0;
4. За објекти од група на класи на намена Г–производство, дистрибуција и
сервиси:
- Г1 тешка и загадувачка индустрија, 0,05;
- Г2 лесна и незагадувачка индустрија, 0,05;
- Г3 сервиси, 0,05;
- Г4 стоваришта, 0,05;
5. За бензинска пумпна станица и нејзини придружни содржини (продавници,
кафетерии и ресторани, авто сервиси, авто салони, помошни простории):
- продажни простории на бензинските пумпни станици, 1,0;
- услужни простории на бензинските пумпни станици, 1,0;
6. За објекти од група на класи на намена Б 5 – угостителски и туристички
комплекси, хотелски комплекси и одморалишта, и за објектите од група на класи на намена А 4 – хотел, мотел, планинарски дом и ловен дом:
- сите простории, 0,05;
ЗА ИЗГРАДБА И ОДРЖУВАЊЕ НА ИНФРАСТРУКТУРАТА
I.Изработка на техничка документација………………………………….1 490 000 денари
А. Техничка документација за канализација ……………………………………. 470 000 денари
Б. Техничка документација за водовод ……………………………………………. 200 000 денари
В. Техничка документација за улици и патишта…….. ………………………. 300 000 денари
Г. Техничка документација за уредување на јавни површини ………. 120 000 денари
Д. Инфраструктурни проекти за патишта, водоводи и канализации… 300 000 денари
Ѓ. Ревизија на основни проекти ………………………………………………………… 100 000 денари
II. Изградба на улици и патишта …………………………………………….. 5 300 000 денари
А. Асвалтирање на улици…………………………………………………………………. 3 500 000 денари
Б. Тампонирање на улици и патишта …………………….. ……………………….. 300 000 денари
В. Изградба на мостови и регулации………………………………………………. 1 500 000 денари
III. Изградба на водоводи ………………………………………………………. 1 300 000 денари
IV. Изградба на канализација………………………………………………… 1 500 000 денари
V. Уредување на јавни површини…………………………………………….. 600 000 денари
VI. Експропријација ………………………………………………………………….. 300 000 денари
VII. Надзор на изградба на објекти …………………………………………… 150 000 денари
Вкупно: 10 640 000 денари
Работите предвидени со Програмата за утврдување на градежно
неизградено земјиште и одржување на комуналната инфраструктура во
Општината Ранковце за 2014 година ќе се извршуваат по обезбедување прилив на
сретства и во зависност од средствата за кој вид на работи се наменети ќе биде
извршувана соодветната работа од Програмата.
Оваа Програма влегува во сила осмиот ден по објавувањето во „Службен гласник на Општина Ранковце”.
Бр.07-864/5 СОВЕТ НА ОПШТИНА РАНКОВЦЕ
29.11.2013 година Претседател,
Ранковце. Тони Ангеловски
Програма за изградба, реконструкција и одржување на уличното осветлување во Општина Ранковце за 2014 година
бр.17/2011, 53/2011, 144/12 и 25/13) и Правилникот за степенот на уредувањето на
градежното земјиште со објекти на комуналната инфраструктура и начинот на
утврдување на висината на трошоците за уредувањето во зависност од степенот на
уреденост ( “Службен весник на РМ” бр.38/2011) и член 23 од Статутот на Општина
Ранковце, Советот на Општина Ранковце, на седницата одржана на ден 29.11.2013
година, донесе:
осветлување во Општина Ранковце за 2014 година
Согласно Законот за локална самоуправа, јавното осветлување е во надлежност
на Општината и ќе се реализира преку годишна програма.Содржината на годишната
програма е во директна зависност од средствата што ќе се обезбедат за нејзина
реализација. Финансирањето на оваа Програма е од средствата што се обезбедуваат
преку уплата на такса за улично осветлување од граѓаните и средства од Општината
собрани од други извори.
П Р И Х О Д И :
Висината на средствата што ќе бидат соберени за реализација на оваа Програма
не може точно да бидат определени и ќе зависат пред се од следните работи:
- Редовноста на уплаќањето на граѓаните на таксата за улично осветлување
А К Т И В Н О С Т И :
Во тековната 2014 година према очекувањата за обезбедување на средства по
наведениот основ, такса за улично осветлување од напред наведената сума од 1 800
000,00 денари, како и средства од опшината се планираат следните активности:
1) Обновување и реконструкција на сијалични места и опрема за нормално
функционирање на уличното осветлување за кое ќе бидат потрошени 300
000,00 денари и притоа ќе бидат набавени:
- живини сијалици од 125 W
- живини сијалици од 160 W
- заштитни стакла
- трафо од 125 W
- кабел за петта жица
- и други резервни делови
2) Изградба на улично осветлување на улици и населби во Општината во кои
досега немаше улично осветлување, поставување на бандери и проводник за
петта жица, ќе бидат потрошени 1 730 000,00 денари.
- Локален пат с.Ранковце од Полициска станица до Десетак во
должина од 900 метри - с.Петралица (буина бара) во должина од 200 метри
- с.Гиновци (М2-Бентомачки пат) во должина од 150 метри
3) Довршување на улично осветлување-поставување на дополнителен број на
канделабри на сите улици во Општината каде ќе се констатира дека има
потреба од улично осветлување.
4) Замената на прегорени и оштетени делови го врши Општината со сопствени
средства. За таквото одржување на уличното осветлување односно
ангажирање на електо инсталатери и камион дигалка со корпа ќе бидат
потрошени средства од околу 30 000,00 денари.
5) Во тековната година се предвидува дека приближно 2 000 000,00 денари ќе
се користат за плаќање на потрошена електрична енергија за улично
осветлување.
1. Очекувани приходи
1.1.Приходи од наплата на такса за улично
осветлување од граѓани ………………………………………..1 800 000,00 ден.
1.2.Средства од Општината…………………………………………2 100 000,00 ден.
Вкупно :3 900 000,00 ден.
2. Очекувани расходи
2.1.Материјали за одржување на улично осветлување…… 300 000,00 ден
2.2.Изградба на улично осветлување во с.Ранковце
од Полициска Станица до Десетак во должина од
900 метри…………………………………………………………………….1 350 000,00 ден
2.3.Изградба на улично осветлување во с.Петралица
(Буина Бара) во должина од 200 метри………………………….100 000,00 ден
2.4.Изградба на улично осветлување во с.Гиновци
(М2-Бентомачки пат) во должина од 150 метри…………….. 80 000,00 ден
2.5.Довршување на уличното осветлување- поставување
на дополнителен број канделабри………………………………40 000,00 ден
2.6.Ангажирање на фирма за замена и монтажа на
Уличното осветлување………………………………………………30 000,00 ден
2.7.Средства за потрошена електрична енергија………….2 000 000,00 ден
Вкупно: 3 900 000,00 ден
Оваа Програма влегува во сила осмиот ден од денот на објавување во “Службен
гласник на Општина Ранковце”.
Бр.07-864/3 СОВЕТ НА ОПШТИНА РАНКОВЦЕ
29.11.2013 година Претседател,
Ранковце. Тони Ангеловски
Програма за изработка и донесување на општи акти за населени места во општина Ранковце кои немаат урбанистичка документација за 2014 година
планирање („Сл.весник на РМ“ бр. 51/05, 137/07, 91/09, 124/10, 18/11, 53/11, 144/12,
55/13, 163/13 и 42/14) и член 23 од Статутот на Општина Ранковце („Службен гласник
на Општина Ранковце“ бр. 09/05, 04/10 и 1/11 ), Советот на Општина Ранковце на
седницата одржана на ден 23.05.2014 година, донесе:
Ранковце кои немаат урбанистичка документација за 2014 година
Со оваа Програма се предвидува -Изработка на општи акти за населени места во
општина Ранковце кои немаат урбанистичка документација согласно член 78 став 5 од
Законот за просторно и урбанистичко планирање и тоа:
- изработка на Општ акт за село Ранковце
- изработка на Општ акт за село Опила
- изработка на Општ акт за село Љубинци
- изработка на Општ акт за село Гиновци
- изработка на Општ акт за село Петралица
- изработка на Општ акт за село Псача
Општите акти содржат задолжително текстуален дел – одлука, најмалку еден графички
прилог и нумерички дел.
Средствата потребни за реализација на оваа Програма во висина од 360.000,00
денари се предвидени во Програмата за изработка на Урбанистички планови за
Општина Ранковце за 2014 година и истите се дадени во табеларниот преглед.
| Реден број | Назив на актот | Цена /денари/ |
|---|---|---|
| 1 | изработка на Општ акт за село Ранковце | / |
| 2 | изработка на Општ акт за село Опила | / |
| 3 | изработка на Општ акт за село Љубинци | / |
| 4 | изработка на Општ акт за село Гиновци | / |
| 5 | изработка на Општ акт за село Петралица | / |
| 6 | изработка на Општ акт за село Псача | / |
| Вкупно | 360.000,00 |
Оваа Програма влегува во сила осмиот ден по објавувањето во „Службен
гласник на Општина Ранковце“.
Бр. 07-378/9 СОВЕТ НА ОПШТИНА РАНКОВЦЕ
23.05.2014 год Претседател,
Ранковце. Тони Ангеловски
Програма за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалната патна мрежа во Општина Ранковце за 2014 година
53/11, 144/12 и 25/13) и Правилникот за степенот на уредувањето на градежното земјиште
со објекти на комуналната инфраструктура и начинот на утврдување на висината на
трошоците за уредувањето во зависност од степенот на уреденост („Службен весник на РМ“
бр.38/2011) и член 23 од Статутот на Општина Ранковце, Советот на Општина Ранковце на
седницата одржана на ден 29.11.2013 година, донесе:
патна мрежа во Општина Ранковце за 2014 година
Програмата за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалната патна
мрежа во Општина Ранковце за 2014 година ќе ги опфати активностите кои што беа
планирани да се реализираат со Програмата за 2013 година а не се реализирани и нови
активности кои што се планираат да се реализираат во 2014 година.
Програмата за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалната патна
мрежа се планира да се реализира со дел од средствата што ги добиваме од Јавно
претпријатие за државни патишта, средства од Владата на Република Македонија, средства
од Североисточниот плански регион (СИПР) и средства од Буџетот на Општина Ранковце.
П Р И Х О Д И:
1. Средства од Јавно претпријатие за државни патишта ………………. 1 000 000,00 денари
2. Средства од Министерство за земјоделство (Агенција за
финансиска подршка на земјоделството и руралниот развој)………. 8 550 000,00 денари
3. Средства од СИПР (Североисточен плански регион) ………………… 2 000 000,00 денари
4. Средства од буџетот на Општината………………………………………….. 2 630 000,00 денари
Вкупно: 14 180 000,00 денари
А. На следнава патна мрежа‐патни правци ќе се изврши дотерување на
нивелетата, тампонирање, одводнување и асфалтирање.
| Реден број | Патен правец | Активност | Должина | Вредност |
|---|---|---|---|---|
| 1 | с.Псача (Ѓоринска маала‐Преку Дол) | Асфалтирање | 0,78 км | 4 220 000,00 |
| 2 | с. Гиновци‐с.Милутинци | Асфалтирање | 1,065 км | 5 860 000,00 |
| 3 | с. Опила (спој на асфалтот на делот кај мостот) | Асфалтирање | 0,15 км | 500 000,00 |
| 4 | с.Отошница (маала Давидовци) | Асфалтирање | 0,4 км | 2 000 000,00 |
| Вкупно | 12 580 000,00 |
Б. На следните патни правци се планира реконструкција, санација, делумно
пробивање, тампонирање, одводнување и дотерување на нивелетата.
| Реден број | Патен правец | Активност | Должина | Вредност |
|---|---|---|---|---|
| 1 | с .Опила (Каваклија‐Црква) | тампонирање | 1,0 км | 100 000,00 |
| 2 | с. Радибуш (Биџаци‐Којкарци) | тампонирање | 1,0 км | 100 000,00 |
| 3 | с. Петралица (Пардинци‐Калчински Ан) | тампонирање | 1,0 км | 100 000,00 |
| 4 | с.Љубинци(А2‐Крива Река) | Пробивање и тампонирање | 1,0 км | 100 000,00 |
| 5 | с.Гиновци (Фарма‐Училиште) | Пробивање и тампонирање | 1,0 км | 100 000,00 |
| Вкупно | 500 000,00 |
В. На следните патни правци се планира изработка на техничка документација.
| Реден број | Патен правец | Активност | Должина | Вредност |
|---|---|---|---|---|
| 1 | с. Oпила (Каваклија‐Црква Св.Никола‐Школо‐Котарина маала) | Основен проект | 5,0 км | СИПР |
| 2 | с. Петралица‐ с. Баратлија | Основен проект | 6,0 км | СИПР |
| 3 | с. Радибуш (Школо‐Којкарци) | Основен проект | 3,0 км | СИПР |
| 4 | с. Псача (старо школо‐Дамјанска маала) | Основен проект | 2,5 км | СИПР |
| 5 | с. Петралица (А2‐Буина маала‐Милочова маала‐Уткина маала) | Основен проект | 3,5 км | СИПР |
| Вкупно | СИПР |
Г. На следните патни правци се планира изградба на мостови.
| Реден број | Патен правец | Активност | Должина | Вредност |
|---|---|---|---|---|
| 1 | С. Ветуница (Ветуничка Река) | изградба | 6,0 м | 500 000,00 |
| Вкупно | 500 000,00 |
Д. Ревизија на техничка документација …………………………. 80 000,00 денари
Ѓ. Надзор над изградба на објекти …………………………………. 120 000,00 денари
Е. Изработка на инфраструктурни проекти за патишта……. 200 000,00 денари
Р А С Х О Д И:
А. Патни правци на кои ќе се врши дотерување на нивелета,
тампонирање, одводнување и асфалтирање …………………… 12 580 000,00 денари
Б. Патни правци на кои се планира реконструкција, санација,
делумно пробивање, тампонирање, одводнување и
дотерување на нивелетата ……………………………………………….. 500 000,00 денари
В. Патни правци на кои се планира изработка на
техничка документација …………………………………………………… 200 000,00 денари
Г. Патни правци на кои се планира изградба на мостови ……….. 500 000,00 денари
Д. Ревизија на техничка документација …………………………………… 80 000,00 денари
Ѓ. Надзор над изградба на објекти ………………………………………….. 120 000,00 денари
Е. Изработка на инфраструктурни проекти за патишта……………… 200 000,00 денари
Вкупно: 14 180 000,00 денари
Оваа Програма влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен
гласник на Општина Ранковце“.
Бр. 07‐864/4 СОВЕТ НА ОПШТИНА РАНКОВЦЕ
29.11.2013 година Претседател,
Ранковце. Тони Ангеловски
Програма за одржување на јавна чистота на територијата на Општина Ранковце за 2014 година
111/08, 64/09, 88/10, 114/10, 23/11, 53/11, 80/12), член 41 од Законот за управување со
отпад („Службен весник на РМ“ бр.68/04, 71/04, 102/08 , 143/08, 124/10,51/11, 123/12
и 147/13), член 36 став 1 од Законот за локална самоуправа („ Службен весник на РМ“
бр. 5/02) и член 23 од Статутот на Општина Ранковце(„Сл.гласник на Општина
Ранковце“ бр.9/05, 4/10), а согласно член 5 од Одлуката за одржување на јавната
чистота на територијата на Општина Ранковце ( „Службен гласник на Општина
Ранковце бр. 9/05,4/10), , Советот на Општина Ранковце на седницата одржана на ден
29.11.2013 година ја донесе следната:
на Општина Ранковце за 2014 година
1. СТРАТЕШКИ ДЕЛ
Програмата на Општина Ранковце за одржување на јавната чистота е насочена
кон одржување на јавната чистота на јавните површини и на отворените простори на
јавните објекти, заради обезбедување на поквалитетни услови за живот на граѓаните и
почиста животна средина во општината.
2. ЦЕЛИ НА ПРОГРАМАТА
Општа цел на програмата е да се обезбеди редовно чистење ( метeње и миење) на
јавните површини и отворените простори на јавните објекти, како и чистење на снегот
и мразот во зимски услови.
Со оваа Програма:
- Се утврдува територијата, распоредот и фреквенцијата за одржување (
метење и миење) на јавните површини и отворените простори на јавните
објекти ; - Се утврдуваат основните начини на вршење на работата за одржување на
јавната чистота; - Се утврдува надзорот во спроведувањето;
- Се утврдува начинот на финансирање;
3. ПРЕДМЕТ НА ПРОГРАМАТА
Одржување на јавната чистота на територијата на Општина Ранковце ќе ги
опфати:
- јавните површини (улици, тротоари, пристапни патишта, плоштади и уредени
отворени простори, крајбрежја, подвозници, мостови, паркинг простори, автобуски
стојалишта и такси станици, гробишта, јавни санитарни јазли, пазари).
Во спроведување на Програмата се изведуваат следните активности:
- рачно метење на јавни површини
- миење на јавните површини со цистерна
- рачно чистење на снегот и мразот во зимски услови
- собирање и транспортирање на отпадот од одржување на јавната чистота и
негово транспортирање на општинската комунална депонија
- Со Програмата предвидено е одржување на јавните површини (улици,тротоари, пристапни патишта, плоштади и уредени отворени простори, крајбрежја,подвозници, мостови, паркинг простори, автобуски стојалишта и такси станици,гробишта, јавни санитарни јазли, пазари), со ефективна површина од 15.600,00 м2.
4.ИЗВЕДУВАЧ НА ПРОГРАМСКИ АКТИВНОСТИ
Програмските активности за одржување на јавна чистота ќе ги изведува ЈКП
„Чист Ден“ од Ранковце.
5.AКТИВНОСТИ
При утврдувањето на јавните површини кои ќе се одржуваат со оваа Програма
земени се во предвид : густина на населеност, фреквенција на граѓани и сообраќај ,
воспитно образовни објекти , како и степенот на уреденост на површината.
6. ДИНАМИКА НА ИЗВРШУВАЊЕ НА ПРОГРАМАТА
6.1. Метење на јавни површини
А) Метење на улици
Метењето на улиците ќе се врши двапати неделно, и тоа во зимски период од
7,00 до 14,00 часот, во летен период од 4,00 до 11,00 часот.
Изведувачот е должен да ги празни корпите за отпадоци на јавни површини.
| Улица | Опис | Временски период | Ефктивна површина(м2)/месец |
|---|---|---|---|
| с. Ранковце | од М2 до ветеринарна станица | два пати во месец | 2 х1.000,00 = 2000,00 |
| с.Ранковце | Од ветеринарна станица до десетак | еднаш месечно | 1 х 2000,00 = 2000,00 м2 |
| С.Ранковце | Од м2 до амбуланта | два пати во месец | 2х 600,00 = 1.200,00 м2 |
| с.Опила | Од М2 до мост на К.река | еднаш месечно | 1 х 1.000,00 =1000,00 м2 |
| с. Гиновци | Од М2 до влез за Бентомак | еднаш месечно | 1 х 1.200,00=1200,00 м2 |
| с.Петралица | Од пошта до споменик | четири пати во месец | 2 х 1.000,00=2.000,00 м2 |
| с.Псача | Од М2 до училиште | еднаш месечно | 1 х 1 000,00= 1.000,00 м2 |
| Вкупна површина на улици за метење за еден месец | 10.400,00 м2 | ||
| Вкупна површина на улици за метење годишно | 124.800,00 м2 | ||
Б) Метење на плоштади и уредени отворени простори
Метењето на плоштади и отворени простори ќе се врши согласно усвоен
распоред, и тоа во зимски период од 7,00 до 14,00 часот, во летен период од 4,00 до
11,00 часот.
Изведувачот е должен да ги празни корпите за отпадоци на јавни површини.
| Опис | Временски период | Ефективна површина (м2)/на месец |
|---|---|---|
| Автобуска станица с.Ранковце | два пати месечно | 2 х 600,00 = 1200,00 м2 |
| Зелен пазар с. Ранковце | четири пати месечно | 4х 1000,00 = 4.000,00 м2 |
| Сточен пазар с. Ранковце | еднаш месечно | 1 х 1.000,00 = 1.000,00 м2 |
| Уреден простор пред општина с. Ранковце | четири пати месечно | 4 х400,00 = 1600,00 м2 |
| Спортски центар Ранковце | еднаш месечно | 1 х 3 000,00 = 3.000,00 м2 |
| Споменик Ранковце | двапати годишно | 2 х 100 /12= 17,00 м2 |
| Автобуска станица с.Псача | два пати месечно | 2 х 500,00 = 1.000,00 м2 |
| Автобуска станица с.Петралица | два пати месечно | 2 х 500,00 = 1.000,00 м2 |
| Локалитет Чешма с.Гиновци | еднаш месечно | 1 х 100,00 = 100 ,00 м2 |
| Спoменик на паднати борци с. Петралица | Еднаш на два месеци | 1 х 300,00/2 = 150,00 м2 |
| Споменик на паднати борци с. Псача | Еднаш на два месеци | 1 х 300,00/2= 150,00 м2 |
| Вкупна површина за метење на плоштади и уредени отворени простор месечно |
13.217,00 м2 | |
| Вкупна површина за метење на плоштади и уредени отворени простори годишно |
158.604,00 м2 | |
6.2) МИЕЊЕ НА ЈАВНИ ПОВРШИНИ
Миење на јавни површини се врши од 1 април до 31 октомври, а во период од
22,00 до 6,00 часот.
| Опис | Временски период | Ефективна површина (м2) |
|---|---|---|
| Уреден простор пред општина Ранковце | Еднаш неделно | 400,00 м2, 4 х 400 = 1.600,00 м2 |
| Улица од м2 до амбуланта во с. Ранковце | Еднаш неделно | 600,00 м2, 4 х 600 =2.400,00 м2 |
6.3) РАЧНО ЧИСТЕЊЕ НА СНЕГ И МРАЗ ВО ЗИМСКИ УСЛОВИ
Во зимскиот период доколку паѓа снег наместо ставка 6.1 од оваа Програма,
изведувачот е должен рачно да го чисти снегот и мразот од улиците опишани во
табелата
| Опис | Временски период | Ефективна површина (м2) |
|---|---|---|
| с. Ранковце | од М2 до „Десетак“ | 3.000,00 м2 |
| с.Ранковце | од М2 до амбуланта | 600,00 м2 |
| с.Опила | Од М2 до мост на К.Река | 1.000,00 м2 |
| с. Гиновци | Од М2 до влез за Бентомак | 1.200,00 м2 |
| с.Петралица | Од пошта до споменик | 1.000,00 м2 |
| с.Псача | Од М2 до училиште | 1 000,00 м2 |
6.4. ВОНРЕДНО ОДРЖУВАЊЕ
ЈКП „Чист ден„ е должен да постапува и по издадени решенија од
Општинскиот комунален инспектор и овластениот инспектор за животна средина за
чистење на мини депонии и јавни површини кои се надвор од Програмата, а кои се
вонредно загадени и на кои е констатирано присуство на отпад од непознато потекло.
ЈКП „Чист ден„ ќе врши чистење на просторот веднаш по одржување на јавни
манифестации кои ги организира Општина Ранковце.
ЈКП „Чист ден“ е должен да врши отстранување на некролози, плакати и
постерите од улични столбови и дрвја со датум постар од две седмици.
7. БУЏЕТ И ФИНАНСИРАЊЕ
Со оваа Програма предвидено е вкупно одржување на јавни површини и тоа:
| Реден број | Опис | Површ. | Вкупно предвидени м2/месечно | Ед. цена | Вкупно ден/месечно |
|---|---|---|---|---|---|
| 1 | Метење улици | 7.800,00 м2 | 10.400,00 м2 | 0,5 ден/м2 | 5.200,00 денари |
| 2 | Метење плоштади и уредени отворени простори | 7.800,00 м2 | 13.217,00 м2 | 0,5 ден/м2 | 6.608,50денари |
| 3 | Миење на улици | 600,00 м2 | 2.400,00 м2 | 0,5 ден/м2 | 1.200,00 ден |
| 4 | Миење на плоштади и уредени отворени простори | 400,00 м2 | 1.600,00 м2 | 0,5 ден/м2 | 800,00 ден |
| 5 | Рачно чистење на мраз и снег од улици | 7.800,00 | По потреба | / | / |
Активностите утврдени со оваа Програма ќе се финансираат од надоместокот за
одржување на јавна чистота, кој согласно Законот за јавна чистота се средства на
општината за финансирање на одржувањето на јавната чистота.
Висината на надоместокот, согласно обемот и активностите предвидени со
Програмата за 2014 година изнесува 10 денари по домаќинство и 50 денари од правни
лица.
Вкупно предвидени средства од надомест за одржување на јавна чистота,
согласно со моменталниот број на корисници на оваа услуга се 7.000,00 денари
месечно, односно 84.000,00 денари годишно.
Одржувањето на јавната чистота чини 0,50 денари/м2.
Во утврдување на цената, работната рака учествува со 80%, а материјалните трошоци
со 20 %.
За целосно реализирање на активностите предвидени со оваа Програма
потребни се финансиски средства во висина од 11.808,50 денари месечно или
141.702,00 денари годишно, кои ќе бидат обезбедени од надоместокот за јавна
чистота, од буџетот на Општина Ранковце, а исто така за реализација на Програмата се
наменети и средствата добиени од глоби наплатени по Законот за јавна чистота, како
и извршувањето на општокорисната работа.
За реализација и финансирање на оваа Програма, Општина Ранковце ќе склучи
Договор со ЈКП „Чист ден“ , кој ќе врши месечно задолжување со доставување на
фактура.
8.НАДЗОР НАД СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПРОГРАМАТА
Надзор над спроведување на Програмата врши општинскиот комунален
инспектор.
За спроведените активности на терен изведувачот е должен да доставува
месечни извештаи за работата, а на крајот на годината ќе доставува извештај до
Градоначалникот и Советот на Општина Ранковце.
Оваа Програма влегува во сила осмиот ден од денот на објавување во
„Службен гласник “ на Општина Ранковце.
Бр.07‐ 864/6 СОВЕТ НА ОПШТИНА РАНКОВЦЕ
29.11.2013 година Претседател,
Ранковце. Тони Ангеловски
Програма за изработка на Урбанистички планови за Општина Ранковце за 2014 година
(„Сл.весник на РМ“ бр. 51/05, 137/07, 91/09, 124/10, 18/11, 53/1,144/12 и 55/13) и член 23
од Статутот на Општина Ранковце („Службен гласник на Општина Ранковце“ бр. 09/05,
04/10 и 1/11 ), Советот на Општина Ранковце на седницата одржана на ден 31.10.2013
година, донесе:
Општина Ранковце за 2014 година
Врз основа на направена стручна анализа на реализација на донесените
урбанистички планови за Општина Ранковце, како и потребата од изработка и
донесување на урбанистички планови за населени места во општината каде истите не
се донесени, а со цел задоволување на барањата и потребите на граѓаните и правните
лица од општина Ранковце и др., со оваа Програма се предвидува изработка на
урбанистички планови согласно член 7 точка 2 од Законот за просторно и урбанистичко
планирање и тоа:
1.Изработка и донесување на Урбанистички план вон населено место/согласно
член 7 точка 2 алинеа 4/:
- Изработка на Урбанистички план вон населено место за изградба на викенд
населба, угостителство, спорт и рекреација,Урбан блок 2, КО Пклиште, Општина
Ранковце
2.Изработка и донесување на Урбанистички план за село:
- Изработка на урбанистички план за село Ранковце;
- Изработка на урбанистички план за село Петралица;
- Изработка на урбанистички план за с. Герман
3.Изработка на локална урбанистичка планска документација ,согласно член
50-а од Законот за просторно и урбанистичко планирање
- Изработка на ЛУПД за потребите на општината и по барање на физички и
правни лица
Границите и содржината на планскиот опфатот на плановите ќе се утврдуваат со
Планска програма за секој плански документ која се состои од текстуален и графички
дел.
Финансирањето на оваа Програма се врши од Буџетот на Општина Ранковце, а
согласно предвидените средства во истиот за оваа намена.
Изработка на планови можат да се врши и по барање на заинтересирани правни
и физички лица чии што програмски барања и подрачја на интерес се прифатливи за
општината и кои ја финансираат изработката на планот.
Табеларен преглед на расходи
| Реден број | Назив на планот | Изработка на ажур.подлога | Услови за планирање на просторот | Изработка на УП /Ден/ | Вкупно ден |
|---|---|---|---|---|---|
| 1 | Урбанистички план вон населено место за изградба на викенд населба, угостителство,спорт и рекреација,Урбан блок 2, КО Пклиште,Општина Ранковце |
изработени | 150.000,00 | ||
| 2 | Изработка на урбанистички план за село Ранковце;(140 ха) | 91.000,00 ден | / | 910.000,00 | 1.001.000,00 |
| 3 | Изработка на урбанистички план за село Петралица;(60 ха) | 39.000,00 ден | / | 390.000,00 | 429.000,00 |
| 4 | Изработка на урбанистички план за село Герман;( 30 ха ) | 19.500,00 | / | 100.000.00 | 195.000,00 |
Табеларен преглед на приходи
| Реден број | Извори на финансирање | Сума |
|---|---|---|
| 1 | Средства од Буџет на Општина Ранковце | 774.000,00 ден |
| 2 | Сретства од Министерство за транспорт и врски | 1.001.000,00 ден |
| 3 | Средства од правни и физички лица | / |
| Вкупно | 1.775.000,00 ден |
Оваа Програма влегува во сила осмиот ден по објавувањето во „Службен гласник
на Општина Ранковце“.
Бр. 07-774/4 СОВЕТ НА ОПШТИНА РАНКОВЦЕ
31.10.2013 год Претседател,
Ранковце. Тони Ангеловски
Програма за зимско одржување на улиците, тротоарите и локалните патишта во Општина Ранковце за 2014 година
Програмата за зимско одржување на улиците, тротоарите и локалните патишта во текот на зимската сезона 2014-2015 година ќе биде прилагодена на климатските и релјефните услови кои што владејат во Општина Ранковце. Општината Ранковце претставува алувијална рамнина ограничена од север и југ со ридско планински масив. Населените места се од разбиен тип, со умерена континентална клима и со недоволно развиена патна мрежа. Годишната програма ќе ги опфати следните сегменти:
- Организационата поставеност и обврски на овластениот субјект за зимско одржување на улиците, тротоарите и локалните патишта и на другите учесници поврзани со извршување на работите околу отстранувањето на снегот и ледот, односно голомразицата.
- Обем, динамика и функционирање на овластената зимска служба за отстранување на снегот и ледот.
- Сообраќајници со приоритет на отстранување на снегот и голомразицата, како и за посипување и ставање на соодветен абразивен материјал и список на критични точки и витални објекти.
- Број и вид на механички средства, нивна намена, начин и распоред на користење.
- Број и распоред на лица кои учествуваат во извршувањето на работите сврзани со отстранувањето на снегот и ледот.
- Обврска, услуги и средства на други учесници кои се вклучени во случај на потреба.
- Места определени за депонирање на собраниот снег и лед.
- Потребни финансиски средства за спроведување на Програмата.
ОРГАНИЗАЦИОНА ПОСТАВЕНОСТ
Одржувањето на улиците, тротоарите и локалните патишта во зимскиот период т.е. нивно расчистување од снег и лед и посипување на истите со абразивни материјали го врши Одделението за урбанизам, комунални дејности, сообраќај и заштита на животна средина.
Општината распишува Ограс(тендер) за прибирање на понуди за зимско одржување на улиците, тротоарите и локалните патишта.
ОБЕМ И ДИНАМИКА
Обемот и динамиката на одржување на улиците, тротоарите, и на локалните патишта
во зимските услови се опфатени во Договорот.Потреба од зимско
одржување во Општина Ранковце ќе има најмалку 3 месеци во годината, и тоа:
декември, јануари и февруари, со по најмалку 12 ефективни работни часови за
еден месец или 36 ефективни работни часови за три месеци. Во случаеви кога зимата
започнува порано, а трае до покасно или имаме поинтензивни врнежи од
снег во текот на овие три месеци со изведувачот на работите се прави посебен
договор за вашокот на работните ефективни часови. Доколку ефективните
работни часови не бидат искористени во обемот предвиден со договорот,
Општината ќе ги искористи за свои потреби во текот на зимската сезона или
по завршување на сезоната.
УЛИЦИ И ЛОКАЛНИ ПАТИШТА ВО ОПШТИНА РАНКОВЦЕ ЗА КОИ Е ПОТРЕБНО ЗИМСКО ОДРЖУВАЊЕ
| Реден број | Населено место | Патен правец | Должина во метри |
|---|---|---|---|
| 1 | Псача | А2-маала Чивлик | 850 м |
| 2 | Псача | А2-црква Свети Никола | 2400 м |
| 3 | Псача | Псача-Одрено-Опила-А2 | 6800 м |
| 4 | Петралица | А2-црква Свети Никола | 5800 м |
| 5 | Петралица | Трафостаница-Потрчин Дол | 360 м |
| 6 | Гиновци | А2-Милутинци | 3600 м |
| 7 | Гиновци | А2-Мива градба | 360 м |
| 8 | Ранковце | Ранковце-Отошница | 5500 м |
| 9 | Ранковце | А2-Кокинци | 1500 м |
| 10 | Ранковце | Десетак-Пузина маала | 1300 м |
| 11 | Ранковце | Полициска станица-Крајчина маала | 800 м |
| 12 | Ранковце | Улици над амбуланта | 870 м |
| 13 | Ветуница | А2-с.Ветуница | 1700 м |
| 14 | Опила | Бабунци-Котаринци | 1000 м |
| 15 | Радибуш | Сат-црква Света Петка | 1000 м |
ВИД И БРОЈ НА МЕХАНИЧКИ СРЕДСТВА
Според должината на локалната патна мрежа зимското одржување на истите ќе
биде извршено со еден камион опремен со нож за чистење на снегот и ледот и соларка
за посипување со абразивен материјал. Камионот може да биде од различна марка, но
мора да има дупли пренос. Воедно е потребно да има резервен камион исто така со
дупли пренос во случај на дефект на еден од камионите. Во случај на пообилни врнежи
ќе се ангажира и дополнителна механизација.
БРОЈ И РАСПОРЕД НА ЛИЦА
Како придружба на камионот ќе биде ангажирано едно лице, а по потреба и уште
едно лице во случај кога имаме невреме и многу ниски температури. Дополнителни
лица ќе бидат вклучени ако за тоа има потреба и тоа за отстранување на снегот, ледот
од тротоарите и улиците и утовар на истиот во камион или трактор и транспорт до
депонија или друго место за депонирање кое накнадно ќе биде определено.
Чистењето на тротоарите пред влезовите на индивидуалните станбени згради и
влезовите на колективните станбени згради се должност на станарите од тие објекти.
Чистењето на тротоарите пред влезовите на деловните објекти и работни
организации се обврска и должност на сопствениците на тие објекти.
Абразивните материјали за посипување ќе бидат набавувани и складирани во
соработка со избраниот понудувач.
ПОТРЕБНИ ФИНАНСИСКИ СРЕДСТВА
Потребните финансиски средства за реализација на Програмата за зимското
одржување на улиците, тротоарите и локалните патишта во Општина Ранковце во
висина од 300 000,00 денари ќе бидат обезбедени од Буџетот на Општина Ранковце.
Приходи:
1.Средства од Буџетот на Општината……………………………… 300 000,00 денари
Расходи:
1.Ангажирање на камион со нож……… 3 мес. х 72 000,00 = 216 000,00 денари
2.Набавка на абразивни материјали
(сол и ризла) ………………………………….. 15 тони х 2 000,00 = 30 000,00 денари
3.Ангажирање на градежна механизација доколку
има потреба при обилни врнежи……………………………… = 30 000,00 денари
4.Ангажирање на работници доколку има потреба……… = 24 000,00 денари
Вкупно: = 300 000,00 денари
Оваа Програма влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во
„Службен гласник на Општина Ранковце“.
Бр. 07-774/5 СОВЕТ НА ОПШТИНА РАНКОВЦЕ
31.10.2013 год. Претседател,
Ранковце. Тони Ангеловски
Програма за изменување на програмата за уредување на градежно неизградено земјиште и одржување на комуналната инфраструктура во Општина Ранковце за 2014 година
Се врши измена на Програмата за уредување на градежно неизградено земјиште и одржување на комуналната инфраструктура во Општина Ранковце за 2014 година
објавена во („Службен гласник на Општина Ранковце“ бр.13/2013 ).
Во Дел 3, Поглавје І. Точката В –техничка документација за улици и патишта,
се менува и гласи:
В. Техничка документација за регулација и уредување на природни водотеци
| Реден број | Населено место | Должина | Ниво на разработка | Вредност во денари |
|---|---|---|---|---|
| 1 | Ранковачка Река | 3,0 км | Основен проект | 200 000,00 |
| 2 | Голем Дол с.Ранковце | 1,0 км | Основен проект | 100 000,00 |
| Вкупно: | 300 000,00 |
Во Дел 3, Поглавје І. Точката Г –техничка документација за изградба на
спортски објекти и уредување на јавни површини, се менува и гласи:
Г. Изработка на геодетски елаборати ……………………………………………..720 000,00 денариВо Дел 3, Поглавје ІII. Уредување на јавни површини, се брише:
Во Дел 7 од Програмата за уредување на градежно неизградено земјиште и одржување на комуналната инфраструктура во Општина Ранковце за 2014 година-Начин на распределба на средствата за финансирање за изградба и одржување на инфраструктурата се вршат следните измени:
Во поглавје І.-Изработка на техничка документација сумата 1 490 000,00 денари се заменува со 2 090 000,00 денари.
Точката В– Техничка документација за улици и патишта се заменува со –Техничка
документација за регулација и уредување на природни водотеци;
Точката Г-техничка документација за изградба на спортски објекти и уредување на
јавни површини се менува и гласи „Изработка на геодетски елаборати“, а сумата од
120 000,00 денари се заменува со 720 000,00 денари.
Поглавје V. Уредување на јавни површини се брише.
Оваа Програма влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе се објави во “Службен гласник на Општина Ранковце”.
Бр. 07-59/8 СОВЕТ НА ОПШТИНА РАНКОВЦЕ
30.01.2014 година Претседател,
Ранковце Тони Ангеловски

























































































