Архива за авторот: rankovce

Акционен План за активности на Општина Ранковце во областа на енергетска ефикасност за 2014 година

Врз основа на член 22 од Законот за локална самоуправа (“Сл. Весник на РМ” бр.5/02), член 132 став 3 од Законот за енергетика (“Сл. Весник на РМ” бр.16/11),Програмата за енергетска ефикасност на Општина Ранковце 2014-2016 бр.07-864/7 од 29.11.2013 година и член 23 од Статутот на Општина Ранковце (“Службен
гласник на Општина Ранковце” бр. 9/05 и 4/10), Советот на Општина Ранковце на седницата одржана на ден 27.12.2013 година, донесе:
АКЦИОНЕН ПЛАН
За активности на Општина Ранковце во областа на енергетска ефикасност за 2014 година

I. ЦЕЛИ НА ПРОГРАМАТА
Општина Ранковце, согласно член 132 став 1 од Законот за енергетика (“Сл.Весник на РМ” бр. 16 од 10.02.2011 година) има изготвено сопствена локална програма за енергетска ефикасност на Општина Ранковце за периодот 2014-2016 година, бр.07-864/7 од 29.11.2013 година.

Главна долгорочна цел на Програмата за енергетска ефикасност е да се
намали потрошувачката на енергија во објектите под општинска управа и уличното
осветлување во општината, со што позитивно ке се влијае врз подобрувањето на
локалните економски состојби и намалувањето на буџетските трошоци.

Основните цели на оваа Акциониот план за 2014 година произлегуваат од
тригодишната програма за енергетска ефикасност, а тоа се:

  • Зголемена свест за енергетски заштеди кај одговорните лица во
    општината кои донесуваат одлуки, извршителите и крајните потрошувачи
  • Зголемени инвестиции и зголемена примена на мерките за енергетска
    ефикасност во објекти кои се во сопственост или се користат од страна
    на Општина Ранковце,
  • Подобрување на контролата на потрошувачка и заштедата на енергија
    во овие институции,
  • Поттикнување на зголемунањето на капиталните инвестиции во другите
    сектори (образованието, детските градинки и културата) на општината, како
    резултат на заштедите на енергија,
  • Позитивното влијание од намалувањето на потрошувачката на енергија
    од аспект на заштита на животната средина.

II. ПРЕДВИДЕНИ АКТИВНОСТИ

Активностите на Општина Ранковце за имплементација на Програмата за
енергетска ефикасност за 2014 година, во главно се произлезени од тригодишната
програма за енергетска ефикасност, а се однесуваат на предвидените проекти:

Реден број Име на проект Вкупна Вредност(во МКД) Извори на финансирање
1 Замена на прозорци и врати(Општинска зграда Ранковце) 471.705,00 Буџет на Општина Ранковце
2 Топлинска изолација на кров(Општинска зграда Ранковце) 172.200,00 Буџет на Општина Ранковце
3 Термостатски вентили(ОУ „Х.Т.Карпош“ Ранковце) 123.000,00 Министерство за образование и наука
4 Топлинска изолација на кров(ОУ „Х.Т.Карпош“ Ранковце) 430.500,00 Министерство за образование и наука
5 Замена на прозорци и врати(ПОУ „Х.Т.Карпош“ с.Одрено) 271.830,00 Министерство за образование и наука
6 Реновирање на кров(ПОУ „Х.Т.Карпош“ с.Одрено) 107.625,00 Министерство за образование и наука
7 Замена на прозорци и врати(ПОУ „Х.Т.Карпош“ с.Радибуш) 271.830,00 Министерство за образование и наука
8 Реновирање на кров(ПОУ „Х.Т.Карпош“ с.Радибуш) 107.625,00 Министерство за образование и наука
9 Замена на Hg со Na светилки(Улично осветление во о.Ранковце) 161.730,00 Буџет на Општина Ранковце
Замена на прозорци и врати (Општинска зграда Ранковце):

Состојбата на прозорците и вратите во Општинската зграда е многу лоша –
поголем дел од прозорците и внатрешните врати се дрвени и дотраени и во однос
на енергетската ефикасност се во многу лоша состојба, така што има големи загуби
на топлинска енергија, а со тоа и загуба на финансиски средства од Буџетодт на
општината. Со замената на старите дотраени дрвени прозорци и врати со нови ПВЦ
ке дојде до заштеда на топлинска енергија, а со тоа и финансиски средства.
Вкупната инвестиција се проценува на околу 471.705,00 денари, а средствата ке се
обезбетат од Буџетот на Општина Ранковце.

Топлинска изолација на кров (Општинска зграда Ранковце):

Општинската зграда има слаба изолација на кровот со што има големи загуби
на топлинска енергија и финансиски средства од Буџетодт на општината за
затоплување. За поставување на топлинска изолација на кровот на општинската
зграда се потребни 172.200,00 денари, а средствата ке се обезбедат од Буџетот на
Општина Ранковце.

Термостатски вентили (ОУ „Х.Т.Карпош“ Ранковце):

Во зградата на ОУ „Х.Т.Карпош“ Ранковце на грејните тела има обични
вентили, со замена на обичните вентили со термостатски ке дојде до заштеда на
топлинска енергија. Средствата се очекува да бидат обезбедени од Министерството
за образование и наука кои изнесуваат околу 123.000,00 денари.

Топлинска изолација на кров (ОУ „Х.Т.Карпош“ Ранковце):

Зградата на ОУ „Х.Т.Карпош“ Ранковце има слаба изолација на кровот со што
има големи загуби на топлинска енергија, а со тоа и загуба на финансиски средства
за затоплување. За поставување на топлинска изолација на кровот на зграда на ОУ
„Х.Т.Карпош“ Ранковце се потребни 430.500,00 денари, а средствата се очекува да
бидат обезбедени од Министерството за образование и наука.

Замена на прозорци и врати (ПОУ „Х.Т.Карпош“ с.Одрено):

Прозорците и вратите во ПОУ „Х.Т.Карпош“ с. Одрено се дрвени, дотраени и
се во многу лоша состојба, што води кон големи загуби на топлинска енергија. Со
замената на старите дотраени дрвени прозорци и врати со нови ПВЦ ке дојде до
заштеда на топлинска енергија а со тоа и финансиски средства. Вкупната
инвестиција се проценува на околу 271.830,00 денари, а средствата ке се обезбетат
од Министерството за образование и наука.

Реновирање на кров (ПОУ „Х.Т.Карпош“ с.Одрено):

Кровната конструкција на ПОУ „Х.Т.Карпош“ с.Одрено е дотраена и е во многу
лоша состојба за што е потребна целосна реконструкција. Вкупната предвидена
инвестиција е околу 107.625,00 денари, а средствата се очекуваат од
Министерството за образование и наука.

Замена на прозорци и врати (ПОУ „Х.Т.Карпош“ с.Радибуш):

Состојбата на прозорците и вратите во ПОУ „Х.Т.Карпош“ с.Радибуш е многу
лоша, – тие се дрвени и дотраени, во однос на енергетската ефикасност се
неефикасни, така што тоа води кон големи загуби на топлинска енергија. Со
замената на старите дотраени дрвени прозорци и врати со нови ПВЦ ке дојде до
заштеда на топлинска енергија а со тоа и финансиски средства. Вкупната
инвестиција се проценува на околу 271.830,00 денари, а средствата се очекуваат од
Министерството за образование и наука.

Реновирање на кров (ПОУ „Х.Т.Карпош“ с.Радибуш):

Кровната конструкција на ПОУ „Х.Т.Карпош“ с.Радибуш е дотраена и е во
многу лоша состојба за што е потребна целосна реконструкција. Вкупната
предвидена инвестиција е околу 107.625,00 денари, а средствата се очекуваат од
Министерството за образование и наука.

Замена на Hg со Na светилки (Улично осветление во о.Ранковце):

Согласно Програмата за енергетска ефикасност 2014-2016 година се
предвидува замена на уличното осветление со штедливи светилки. Програмата за
2014 година предвидува живините светилки да се заменат со натриумови кои се
штедливи, со што ке се намали потрошувачката на ел. енергија а воедно ке се
обезбеди заштеда на финансиски средства. Вкупната инвестиција се проценува на
околу 161.730,00 денари, а средствата ке се обезбетат од Буџетот на Општина
Ранковце.

 

III. ФИНАНСИРАЊЕ

Предвидените активности со Акциониот план за активностите на Општина
Ранковце во областа на енергетската ефикасност за 2014 година ќе се покриваат
со финансиски средства од Буџетот на Општина Ранковце, кои се предвидени за
2014 година, финансиски средства од Буџетот на Република Македонија, преку
Министерството за образование и наука.

 

IV. РАСПОРЕД НА БУЏЕТСКИ СРЕДСТВА

Содржините предвидени со овој Акционен план се финансираат со посебни
ставки во Буџетот на Општина Ранковце.По потреба Акциониот план ќе се дополнува со активности за кои ќе се утврди дека се во согласност со целите на Програмата.

 

V. ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

Овој Акционен план стапува на сила осмиот ден од денот на објавувањето во
„Службен Гласник на Општина Ранковце“.

 

 

Бр. 07-955/5                                                                     СОВЕТ НА ОПШТИНА РАНКОВЦЕ
27.12.2013 година.                                                                          Претседател,
Ранковце.                                                                                      Тони Ангеловски

 

 

Реализирани проекти во 2010

1.Систем за водоснабдување на населени места Опила и Љубинци

  • Фаза III:Изградба на дел од водоснабдителна разводна мрежа од систем за водоснабдување-700м (август 2010 година, сопствени средства)

2. Асфалтирање на локален пат Опила–Одрено–Псача во должина од 1.530 м (јуни 2010, средства обезбедени преку Агенција за државни патишта од Светска банка)

 

3. Изградба на водоводна мрежа за с.Отошница и с.Радибуш

  • Фаза III:Изградба на дел од водоснабдителна разводна мрежа-800м (август 2010 година, сопствени средства)

4. Асфалтирање на локален пат с.Петралица–Црква Св.Ѓорѓија во должина од 800м (мај-јуни 2010, средства обезбедени преку Агенција за државни патишта од Светска банка)

 

5. Асфалтирање на улица Полицијска станица–Крајчина Маала, с.Ранковце во должина од 870м (јуни 2010, средства обезбедени преку Агенција за државни патишта од Светска банка)

 

6. Оградување на училишен двор на ЦОУ “Христијан Тодоровски-Карпош”, Ранковце (ноември–декември 2010 година, средства од блок дотации наменети за материјални трошоци од Министерство за образование и наука)

 

7. Обновување на фасада и доизградба на 2 влеза ЦОУ “Христијан Тодоровски-Карпош”, Ранковце (ноември-декември 2010 година, средства од блок донации наменети за материјални трошоци од Министерство за образование и наука)

 

8. Замена на под во 1 училница и 5 канцеларии и набавка на мебел во ЦОУ “Христијан Тодоровски-Карпош”, Ранковце (2010 година, средства од блок дотации наменети за материјални трошоци од Министерство за образование и наука)

 

9.Замена на влезни врати, врати на училници и прозори во додатен објект за предучилишна, опремување на 4 предметни училници со наставно надгледни средства и опрема (2010 година, средства од блок дотации наменети за материјални трошоци од Министерство за образование и наука)

 

10.Опремување на кабинет по оделенска настава и англиски јазик (јули–август 2010 година, средства обезбедени од Мировен корпус со учество на Општина Ранковце)

 

11.Реализација на Програма на Влада на РМ/Министерство за информатичко општество “Компјутер за секое дете” во ЦОУ “Христијан Тодоровски-Карпош”, Ранковце (2010 година)

  • Фаза:
  • I. Набавка и вградување на 5 метални ормари со вградено напојување со 30 приклучоци
  • II. Набавка на компјутер за секое дете (112)
  • III. Набавка на компјутер за наставен кадар (35)
  • IV.Набавка на компјутер за секое дете (140)

12. Оградување на дел од училишен двор во ПОУ “Христијан Тодоровски-Карпош”, Псача (ноември –декември 2010 год. од сопствени средства)

Реализирани проекти во 2009

1. Изработка на Стратешки План за ЛЕР и профил на Општина Ранковце

  • реализација декември-јануари 2008-2009 год.
  • средства обезбедени од УСАИД – Проект за локална самоуправа

2. Изградба на Фудбалско игралиште во с.Ранковце

  • реализација мај 2009 година
  • средства обезбедени од Агенција за млади и спорт

3. Инсталација на топловодно греење во ОУ Х.Т.-Карпош с.Псача

  • реализација мај 2009 год.
  • средства обезбедени од УСАИД/ПЕП

4. Изградба на дел од систем за водоснабдување на с.Отошница и с.Радибуш

  • во фази на реализација (септември-октомври 2009 год.)
  • средства обезбедени од Министерство за транспорт и врски

5. Изградба на дел од мост на Крива Река во с.Опила – завршна фаза

  • реализација
  • средства обезбедени од Министерство за транспорт и врски (7.000.000,00 МКД)

6. Чистење на речно корито и регулација на Ранковачка Река

  • реализација (септември-октомври 2009 год.)
  • средства обезбедени од Министерство за земјоделство шумарство и водостопанство

7. Обезбедено противпожарно возило

  • реализација
  • донација добиена од Амбасада на Велика Британија преку Operation florian – едукативна програма

8. Формирана ТППЕ на Општина Ранковце

9. Изградба на Јавни тоалети во с.Ранковце

  • реализација (октомври-ноември 2009 год.)
  • средства обезбедени од Министерство за транспорт и врски

Реализирани проекти во 2008

                                  Реализирани проекти и проекти во фаза на реализација Општина             Ранковце – 2008год.

1. Изградба на Фудбалско игралиште во с.Ранковце

  • реализација во  2007 -2008 ( средства обезбедени од Агенција за млади и спорт)

2.Изградба  на   игралиште за мал фудбал во с.Псача

  • реализација 2008 год.(средства обезбедени од Агенција за млади и спорт)

3. Изградба на дел од  Систем за водоснабдување на с.Опила и с.Љубинце

  • Резервоар потиосен цевковод и дел од водоснабдителна мрежа 850,00м
  • реализирано во август-септември (средства обезбедени преку Министерство за транспорт и врски )

4. Уредување на депонија за опдлагање на комунален отпад

  • во фаза на реализација ( средства обезбедени од Министерство за животна средина и просторно планирање)

5. Изградба на Резервоар за водоснабдување  во с. Гиновци 100 м3

    • финансиски подржана од УСАИД/МЛСА

6. Реконструкција на кров на Општинска зграда и замена на дел од столарија

7. Реновирање на училиште во село Псача

 

Останати остварени и проекти во завршна фаза

1.  Основање на Јавно комунално претпријатие ,,Чист ден,,  (  20.12.2006 г. )
2.Обезбедување на возило за собирање и транспорт на  комунален отпад
3.Обезбедено теренско Возило за Општина (Лада нива )
4. Започнати активности за формирање на Противпожарна единица
5. Обезбедена донација на 20  компјутери   за ОУ ,,Христијан Тодоровски Карпош  ,,
6. . Остварени првични разговори за отварање на граничен премин со Трговиште.
7. Меѓугранична соработка со Општина Невестино Република Бугарија
8.Реализација на програма на Влада компјутер за секое дете
9.Обезбедено Противпожарно возили    ( донација  од Англија )

         Изработка на стратешки документи за Општината

1.Изработка на  Грб и Знаме на Општина Ранковце
2.Изработка на ЛЕАП за Општина Ранковце
3.Изработка на Стратешки план за ЛЕР  на Општина Ранковце
4.Изработка на Профил на  Општина Ранковце
5.Креирање на Web-страна на општината

Реализирани проекти во 2007

1.Асфалтирање на пат во село Ветуница во должина од 630 м.

  • реализација во период јуни 2007 год.
  • партнер : ЗОРС АЛКА
  • учество на ЕЛС 50%


2. Изградба на мал мост на Радибушка река

  • реализација во јули 2007 година
  • партнер Амбасада на Сојузна Република Германија
  • учество на ЕЛС Ранковце 15%


3. Изградба на водовод во село Петралица

  • реализација во октомври – ноември 2007 година
  • бунар и пумпна станица- средства одобрени од Министерство за транспорт и врски
  • реконструкција на водоводна мрежа средства одобрени од фонд за води


4. Изградба на пумпна станица во село Одрено

  • реализација во ноември 2007 година
  • пумпна станица- средства одобрени од Министерство за земјоделство шумарство и водостопанство


5.Изградба на пат во с.Опила во должина од 1 км

  • реализација во ноември 2007 година
  • средства обезбедени од Биро за неразвиени подрачја


6.Изградба на мост на Крива река во с.Опила

  • Дел од проектот
  • реализација ноември- декември 2007 година
  • средства обезбедени од Биро за неразвиени подрачја


7. Изградба на бунар и пумпна станица за селата Опила и Љубинци

  • реализација во декември 2007 година
  • средства обезбедени од Фонд за води

8. Обезбедување на возило за собирање и транспорт на комунален отпад

  • добиено на користење од Министерство за транспорт и врски

Реализирани проекти во 2006

1. Продолжување на регулација на Голем дол во должина од 308 m должина

  • реализација во период мај-јуни 2006 год
  • финансирано од ЕЛС Ранковце


2. Тампонирање и пробивање на пат во с. Петралица, с. Гиновце , с.Мултинци , с.Љубинци, с.Радибуш.

  • реализација во период мај- јуни 2006 год.
  • финансирано од ЕЛС Ранковце


3. Изградба на пропусти за вода во Отошница и Станча

  • реализација во период мај 2006 год.
  • финансирано од ЕЛС Ранковце


4. Асфалтирање на пат во село Псача во должина од 850 m .

  • реализација во период ноември 2006год.
  • партнер : ЗОРС АЛКА
  • учество на ЕЛС 50 %

5. Асфалтирање на пат с.Гиновци во должина од 300 м

  • реализација во текот на август 2006 год
  • партнер ЕАР КАРДС-програма – асфалтирање
  • учество на Општина : тампонирање

6. Асфалтирање на пат с.Одрено во должина од 700 м

  • реализација во текот на август 2006 год
  • партнер ЕАР КАРДС-програма – асфалтирање
  • учество на Општина : тампонирање


7. Остварени првични разговори за отварање на граничен премин со Трговиште


8. Меѓугранична соработка со Општина Невестино, Република Бугарија


9. Основање на Јавно комунално претпријатие ,,Чист ден,, ( 20.12.2006 г. )


Реализирани проекти во 2005

1. Водоснабдување на Ранковце (06.05.2005 год.)

  • реализација во период мај – јуни 2005 год
  • партнер: СИП/ЕРП
  • учество на Општина 10%

 

2. Изградба на канализација во Ранковце (06.05.2005 год)

  • реализација во период мај – јуни 2005 год
  • партнер: СИП/ЕРП
  • учество на Општина 10%

 

3. Рехабилитација на училишна зграда во село Петралица(11.07.2005год.)

  • реализација во период јули -август 2005 год
  • партнер: СИП/ЕРП
  • учество на Општина 10%

 

4. Асфалтирање на пат село Радибуш – 1 км должина(13. 07. 2005 год.)

  • реализација во период август- септември 2005 год.
  • партнер : ЗОРС АЛКА
  • учество на ЕЛС и МЗ Радибуш 20%

 

5. Водоснабдување на село Гиновце (15.07.2005 год.)

  • реализација во период октомври – ноември 2005 год
  • партнер: СИП/ЕРП
  • учество на Општина 10%

 

6. Асфалтирање на пат за село Опила (27.07.2005 год)

  • реализација во период септември-ноември 2005 год.
  • партнер : ЗОРС АЛКА
  • учество на ЕЛС и МЗ Опила 20%

 

7. Регулација на Ранковачка река и голем дол во Ранковце ( 05.10.2005 год)

  • реализација во период октомври – ноември 2005 год
  • партнер: СИП/ЕРП
  • учество на Општина 10%

 

8. Пропуст на Отошничка река(октомври.2005 год.)

  • реализација во период октомври 2005 год.
  • ЕЛС Ранковце

 

9. Изградба на канализациона мрежа и пречистителна станица во с. Петралица и с. Гиновце(2005- 2006год.)

  • партнер ЕАР КАРДС-програма

Клима

Општина Ранковце лежи во Славишко поле, а од север  и југ ограничена со планинските масиви.

Овие орографски карактеристики имаат битно значење врз формирање на посебна локална клима.

Климата е умерено – континентална што се должи на географската диспозиција и на извесните влиајнија кои навлегуваат од Егејот преку Крива Река.

Високите делови на Осогово и Герман планина се под влијание на планинска клима.

Просечната годишна температура изнесува 10,2ОС и е за 1,6ОС пониска од просечната годишна температура во Куманово, а за 2,6ОС од температурата во Скопје.

Во текот на годината најтопол месец е јули со просечна температура 20,0ОС додека пак најстуден месец е јануари со просечна вредност 0,3ОС.

Просечното температурно колебање изнесува 20,3ОС кое е помало од Куманово и Скопје што се толкува со поголемата надморска висина.

Просечната максимална температура е 15,9ОС.

Највисоката максимална температура е 37,3ОС забележана на 25 јули 1987 год.

Од кажаното може да се констатира дека климата се одликува со: умерено-ладна зима; умерено-топло лето; свежа пролет; и релативно топла есен.

Во Ранковачката област климатските услови се погодни за овоштарство, градинарство и житарици.

Во споредба со другите области што ја опкружуваат оваа област добива значителна количина врнежи.

Годишната количина е 633,5 mm.

Минимумот е во ноември, а максимумот е во мај со 81,5mm.

Просечниот датум на првиот снежен покривач е 30 ноември.

Најраниот снежен покривач се јавува на 17 октомври, а најдоцниот датум е на 26 април.

На планините снегот се задржува до јули.

Во оваа подрачје дуваат ветрови од сите страни.

Славиште е со најмала зачестеност на тишините со 47%.

Дуваат: југозападен, северен, јужен, југоисточен и источен ветар.

Најзастапен е југозападниот ветар со 219‰, со годишна брзина 2,9m/s, а максимална 19,0m/s.

Се јавува во текот на целата година.

Поради големата зачестеност на ветрови маглата е ретка појава.

Просечно се јавуваат 10-12 денови со магла главно од ноември до февруари

Реки

Разликите во релјефот, геолошкиот состав, надморската висина, климата и пошуменоста дејствуваат како фактори кои условиле значителни разлики во хидрографските прилики помеѓу планинското подрачје и Славишкото поле.

Првото подрачје планинското изобилува со извори и од Герман планина и од Осоговските планини.

Осоговијата е богата со извори, потоци и реки.

Ова богатство се должи на релативно големата надморска висина и геолошкиот состав. Најмногу се јавуваат во деловите каде што се застапени кристалести шкрилци.

Најсилен е Тураничкиот извор на надморска висина од 1800m.

Силни се и изворите на Царев врв (извор на Крива Река), Бела Вода, Калин камен и др.

Крива Река извира во подножјето на Царев врв од силен извор на н.в. 1800m, а се влева во Пчиња кај с. Клечовце на н.в. 295 m.

Долга е 85 km, има површина на слив до 985 km2  и просечен пад од 186‰.

Целата општина Ранковце и општина Крива Паланка претставува сливно подрачје на Крива Река.

Минувајќи низ стрмен и тревнат предел ги собира повеќето извори што слеваат низ шумскиот појас.

Низ текот ги собира реките: Киселичка река, Криљанска река и Дурачка река.

Од изворитето до с.Псача има тесно клисуресто корито.

Оттаму влегува во Славишко поле и има животно значење за ова плодородно поле, тука навлегува и на територијата на општина Ранковце.

Маштеница (8km) која извира под врвот Лисец (1527m) н.в. а се влева во Крива Река кај с.Псача на н.в. 640 m.

Потоа помали потоци и рекички со пороен карактер: Одренска река, Буин дол и Опилска река.

Од северната страна т.е. од планината Герман која е позната по многубројни извори бидејќи е изградена од кристалести шкрилци кои се богати со извори.

Позначајни изворите: “Корито”, “Јанина вода”, “Селиште”, “Чашка”, “Мишин кладенец” итн.

Рашка (Петраличка) река која извира во с. Петралица на н.в. 1540 m, а се влева на излез од клисурата “Просеченик” на Крива Река, кај с.Псача на н.в. 640 m. Долга е 12 km.

Ранковачка река е карактеристична по тоа што настанува од две рекички кои се спојуваат во с. Ранковци.

Двете рекички кои се обединуваат во Ранковачка река се: Одревица која извира на н.в. 1300 m во с. Герман и Кривикаменска река која извира на н.в. 1000 m во с.Кривикамен.

Ранковачка река се влива во Крива Река кај с. Опила на н.в. 500 m. Долга е 22 km.

Река Ветуница извира во с. Паклиште на н.в. 1200 m се влева во Крива Река кај с. Ветуница на н.в 500 m.

Оваа река е долга 15 km  и ги собира помалите потоци од с. Отошница.

За оваа река е карактеристично што е изградена мала вештачка акумулација во с.Отошница наменета за наводнување на дел од Славишко поле.

Река Блидеш е последната река која се влева во Крива Река од територијата на општината Ранковце.

Извира во с. Враногрнци на н.в. 600 m и се влева во река Ветуница непосредно пред вливот во Крива Река на н.в 500 m.

Нејзината должина е 8 km.

Почва

Почвената покривка на ова подрачје се одликува со голема хетерогеност.

Врз создавањето на вака мозаичен почвен покривач влијаеле многу педогенетски фактори од кои особено значајни се: геолошкиот состав, релјефот, климатските и хидролошките прилики како и растителниот и животинскиот свет.

Особено на квалитетот на почвите влијае и човечкиот фактор.

Но сепак како најзначаен фактор се смета геолошкиот т.е. матичниот супстрат.

Минеролошкиот состав влијае врз хемискиот состав на супстратот, хемискиот пак влијае врз плодноста на почвите.

Почвообразователниот супстрат може да биде: Почвообразователниот супстрат од компактни карпи (планинските простори) и Почвообразователен супстрат од растресите и слабо сврзани седименти (котлински рамнини).

Двата основни региони се: Планинското подрачје од север и југ и во средината Славишкото поле.

Според тоа во Славишкото поле на најниските делови по текот на Крива Река се застапени: Алувијалните почви тие се настанати со речен нанос кој и денес се повторува.

Содржат доста хумус, органоминерали, глина, биогени елементи и се одликуваат со висок степен на плодност.

Најдобро успеваат: пченката, пченицата, градинарските култури.

Врз речните тераси на Крива Река се јавуваат глинести песокливи почви кои исто така се доста плодни.

Потоа во мал дел се јавуваат и смолниците.

На еруптивниот дел се застапени: бели и сиви песокиви почви потоа глинести почви, црвеници и кафеави почви образувани од езерски седименти и еруптивен материјал.

На падинските терени се застапени: делувијалните кои настануваат со ерозија на планинските подрачја, а ги образуваат поројните води кои при влегувањето во пониските делови од областа го таложат еродираниот материјал.

Тие се сиромашни со хумус, не се обработуваат и се користат како ливади и пасишта.

Планинското подрачје се карактеризира со почви првостепени за шумарството.

Обезшумените стрми терени поради силната ерозија и денудација се непогодни за земјоделство.

Застапеноста на растителниот свет е поголема во делот составен од кристалести шкрилци, каде се јавуваат песокливо-хумусна почва погодна за планински жита и компир.

Помалку се застапени: литосоли и еродирани кафеави почви.

Станча

Се наоѓа на северозападниот дел на општина Ранковце, од општинскиот Центар е одалечено 18 km, а до почетокот на селото води асфалтен пат.

Селото е од ридско-планински разбиен тип со маала кои се протегаат на надморска висина од 800-1020 метри и до нив се доаѓа по земјани патишта кои не се во задоволителна состојба посебно во зимскиот период.

Бројот на жителите во оваа село има тренд на постојано опаѓање па така во 1961 имало околу 130 жители кои до пописот во 2002 год. се намалиле на само 23 жители.

Селото потекнува од доцното античко време, атарот е 5,5 km² и има претежно сточарско шумарска функција.

Во селото нема стопански објекти ниту објекти од државен карактер.

Со електрична енергија се снабдува од 1975 година, нема водоводна мрежа – населението со вода се снабдува од природни извори.

Ранковце

Се наоѓа во средишниот дел на Славишко поле, од десната страна на Крива река на магистралниот пат кој води кон Деве Баир-Бугарија и претставува центар и седиште на општината.

Селото се состои од урбанизиран дел кој е сконцентриран во непосредна близина на магистралниот пат и маала од разбиен тип во поодалечениот дел.

Во селото според податоците од последниот попис живеат 1129 жители од кои 57 роми, 2 срби, 5 се во останатите етнички групи додека сите останати се македонци.

Во поглед на верската припадност освен православни христијани има 18 жители од муслиманската вероисповед и 1 припадник во групата од останатите религии.

Селото има претежно полјоделска функција.

Најголем дел од населението се занимава со одгледување на житни и градинарски култури, а од стока најчесто се одгледуват свињи и живина, претежно за индивидуални потреби.

Од стопански објекти во селото има млин “Славишка мелница”, конфекција “Kарпош” и Т.П. “Славишко поле”.

Од објекти од општествени и јавни стандарди има Ц.О.У. “Христијан Тодоровски Карпош”, Амбуланта, Ветеринарна станица, Полициска станица, Пошта и Месна канцеларија со седиште во општинската зграда, а во фаза е формирање на Јавно комунално претпријатие и Единица за противпожарна заштита.

Во селото има повеќе услужно угостителски објекти.

Од областа на инфраструктурата има нецелосно асфалтирани патишта во урбанизираниот дел, со вода населението се снабдува од водоводна мраежа која неодамна е реконструирана и сега ги задоволува потребите на населението, а целосно е решено и прашањето со канализационата мрежа во урбанизираниот дел од селото.

Радибуш

Селото се наоѓа во средишниот дел на општина Ранковце, и е од ридско-планинско и од разбиен тип.

Од општинскиот центар е одалечено 4 km, а комуникациската поврзаност со општинскиот центар е со асфалтен пат меѓутоа нема автобуска врска.

Во селото според податоците од последниот попис живеат 157 жители, сите од македонско етничко потекло и со православна вероисповед.

Селото има полјоделско-сточарска функција.

Oд полјоделство застапени се житариците и овошките, а сточарството е сконцентрирано на одгледување крупен добиток.

Во селото нема стопански и услужни објекти додека од општествени стандарди има само четиригодишно училиште.

Од инфраструктура има асфалтен пат до центарот на селото и изградена водоводна мрежа од која се обезбедува вода за домаќинствата.

Карактеристично за ова село е празникот на црквата св. Параскева на 8 август кога се собираат илјадници луѓе од општината и регионот.

Псача

Населбата се наоѓа на крајниот југоисточен дел на општината од левата страна на Крива река на самиот магистрален пат Куманово-Крива Паланка и има добра комуникациска положба со општината и другите околни места.

Селото е ридско-планинско со најголем број на куќи сконцентрирани во близината на магистралниот пат и маала од разбиен тип во подалечните делови.

Од општинскиот центар е одалечено 8 km.

Според податоците од последниот попис во тука живеат 539 жители од кои само еден жител припаѓа на останатите етнички групи додека сите останати се со македонско етничко потекло.

Во однос на верската структура населението освен православни христијани има и тројца муслимани и еден од останатите религии.

Атарот на селото зафаќа простор од 12,4 km² со претежно полјоделско-шумарска функција.

Од објекти со општествени стандарди има Основно училиште, а од стопански стандарди има погон за производство на печурки “Бонум” и Живинарска фарма.

Во селото има и три услужни и еден угостителски објект.

Од инфраструктура патната мрежа во селото е нецелосно изградена додека проблемот со водоснабдување е решен со водовод кој е изграден во 1984 год.